Свет
Полицијата користи боева муниција и солзавец за да ги растера демонстрантите во Багдад
Ирачката полиција употребила солзавец и боева муниција за да ги растера демонстрантите што се собраа во близина на Зелената зона во Багдад, каде антивладините демонстрации продолжија и денес, при што се повредени повеќе од 30 луѓе, пренесува „Ел Хадат“.
Веќе се појавуваат фотографии на ранети демонстранти што се транспортираат кон болниците, а други се приведени од безбедносните сили. Исто така, има фотографии на кои демонстрантите ги уриваат бетонските бариери и оградите од бодликава жица што ги штитат владините згради во утврдената Зелена зона. Демонстрантите велат дека најмалку едно лице е убиено.
Ирак е сведок на антивладини протести на национално ниво од почетокот на октомври во кои се бараше акција за надминување на високата невработеност на младите, сиромаштијата, лошите услуги и корупцијата.

Протестите беа насилно потиснати од безбедносните сили и вооружените милиции при што во бранот немири најмалку 157 лица загинаа, а 5.494 беа повредени, се вели во извештајот објавен во вторникот од Кабинетот за човекови права на мисијата на УНАМИ. Во градските центри беше воведен полициски час, а интернет-услугите на југот од земјата беа прекинати.
Владата и меѓународните набљудувачи стравуваат дека немирите повторно ќе излезат од контрола и побараа воздржаност од сите страни.
Демонстрантите собрани во близина на плоштадот „Тахрир“ во Багдад велат дека веќе не се заинтересирани за своите првични барања за справување со невработеноста, корупцијата и недостигот од јавни услуги. Тие сега повикуваат на соборување на владата.
„Ние, заедно со младите, не сме излезени за работа. Ние сакаме да ја собориме државата. Сакаме татковина затоа што овие на власт се бескорисни. Сакаме да живееме како другите арапски држави. Ние сакаме нов Ирак, земја во која веруваме, сакаме уверување, демократија и слобода“, рече еден демонстрант.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

