Свет
Полска ги обвини руските контролори на летање за намерно уривање на авионот на Качински
Во бизарен пресврт на настаните полските обвинители сега бараат апсење на тројца руски контролори на летање од аеродромот во Смоленск, кои ги обвинуваат за намерно предизвикување на несреќата, во која загина поранешниот претседател Лех Качински во 2010 година, пренесува РТ.
Истражителите поднеле барање до Окружниот суд во регионот Варшава-Мокотов со предлог за привремено апсење на тројцата контролори, вели Ева Бијалик, портпарол на канцеларијата на јавниот обвинител.
„Обвиненијата поведени против контролорите на летање се однесуваат на намерно предизвикување на авионската несреќа, која резултира со смрт на многу луѓе“, додаде таа.
Качински и неговата сопруга беа меѓу 96-те лица во авионот на полското воено воздухопловство „Ту-154М“ што се урна пред Смоленск, во западна Русија, на 10 април 2010 година при обид да слета во густа магла. Патувањето беше дел од обидот на тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев за средување на одосите со Варшава.
Првичните истраги и од полски и од руски официјални лица не утврдија технички проблем со леталото и посочија дека станува збор за пилотска грешка. Во тоа време полските власти открија сериозни проблеми со организацијата и стандардите на вклучената единица на воздухопловните сили, која потоа беше распуштена.
Сепак, братот близнак на претседателот, Јарослав Качински, уште од тогаш тврди дека несреќата е предизвикана од некаква руска перфидност. Полските и меѓународните истраги не пронајдоа докази што ги поддржуваат неговите тврдења.
Како и да е, неговите тврдења се чини го привлекоа полското јавно мислење бидејќи истражувањето објавено на почетокот на годинава покажа дека 44 отсто од Полјаците сметаат оти авионската несреќа е најголемото актуелно прашање меѓу Варшава и Москва.
Иако во моментот нема политичка функција, Јарослав Качински е претседател на владејачката ултранационалистичка партија Закон и правда (ПиС), која е на власт од 2015 година. Тековните обвиненија против руските контролори на летање се засноваат на тврдење на полски истражители од 2018 година дека во остатоците се пронајдени траги од експлозив. Сепак, такви докази не се пронајдени за време на оригиналната истрага ниту во примероците на почвата собрани во тоа време.
Несреќата во Смоленск беше голем удар врз обидите за поправање на полско-руските односи. Качински требаше да присуствува на комеморацијата на советското убиство на полските војници во Катинската шума за време на Втората светска војна.
Во владеењето на ПиС, Полска повеќепати се судри со Русија на дипломатско ниво и ги повика членките на НАТО трајно да стационираат војници на нејзина територија. Сепак, Варшава водеше и многубројни политички битки со ЕУ, која се спротивстави на политиките на ПиС, што беа во судир со вредностите официјално прифатени од Брисел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.
Свет
(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.
BREAKING: Iranian drone hit the five-star Burj Al Arab hotel in Dubai, UAE.
The 321-meter, 60-story tower stands on an artificial island. pic.twitter.com/SZaJrAUq3n
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.
Breaking News 🚨
Iran strikes renowned Burj Al-Arab hotel in Dubai, UAE. pic.twitter.com/3oqGa579Kw
— Dost Afridi (@DostAfridi_10) February 28, 2026
Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.
Свет
Трамп: Ајатолахот е мртов
Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:
„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“
به نام نامی حیدر علیهالسلام pic.twitter.com/n848j6KASq
— KHAMENEI.IR | فارسی (@Khamenei_fa) February 28, 2026
„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.

