Свет
Полскиот министер: Нема да има заедничка армија на Европската унија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/ukrajina-eu-evropska-unija-zastave.jpg)
Нема да има заедничка армија на Европската Унија, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја повика Европа да создаде обединета армија за да се спротивстави на руската агресија во Украина и Европа.
Одговарајќи на прашање за создавање обединети европски вооружени сили, Сикорски рече дека „мораме да бидеме внимателни со тој термин бидејќи луѓето го разбираат поинаку“.
„Ако тоа значи обединување на националните армии, тоа нема да се случи“, изјави Сикорски за ТВП Ворлд.
„Но, јас сум поборник за Европа, поточно Европската унија, да ги развие сопствените одбранбени способности“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Германскиот канцелар: Погрешно е и опасно да се негира легитимитетот на Зеленски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/germanija-ukraina-sholc-zelenski-EPA.jpg)
Германскиот канцелар, Олаф Шолц, реагира на изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп кој го нарече диктатор украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Шолц рече дека едноставно погрешно и опасно да се негира демократскиот легитимитет на претседателот Зеленски, пренесе германски Шпигел.
Трамп претходно напиша дека Зеленски, кого го нарече „скромно успешен комичар“, ја убедил Америка да потроши 350 милијарди долари за да влезе во војна што не може да се добие.
„Тој одбива да ги одржи изборите, тој котира многу ниско на украинските анкети и единственото нешто во што беше добар беше да го игра Бајден „како виолина“, додаде Трамп.
„Диктатор без избори, подобро е Зеленски да побрза или нема да има земја“, додаде Трамп.
На изборите вечерва се осврна и Илон Маск, кој пак, напиша: „Зеленски не може да тврди дека ја претставува волјата на народот на Украина ако не ја врати слободата на медиумите и не престане да ги укинува изборите“.
Zelensky cannot claim to represent the will of the people of Ukraine unless he restores freedom of the press and stops canceling elections! https://t.co/bg2SEJgT47
— Elon Musk (@elonmusk) February 19, 2025
Зеленски се уште јавно не ја искоментира изјавата на Трамп, но се огласи на социјалните мрежи со пост во кој само кусо се заблагодари на поддршката, без да прецизира на што тоа се однесува.
Thank you for your support! 🇺🇦
__Дякую вам за підтримку! 🇺🇦
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 19, 2025
Свет
Украинците шокирани од изјавите на Трамп
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/cf023fd3-f5a7-4eed-8e0f-31e0f9f1a191.jpg)
Неколку Украинци денеска за Би-Би-Си ги коментираа изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вчера рече дека „Украина ја водат луѓе кои дозволиле војна“, додека денеска украинскиот претседател Зеленски го нарече „диктатор“.
Kaко што јавува Би-Би-Си, Украинците со кои разговарале биле шокирани.
„Сите овде се обидуваат да ги следат изјавите што доаѓаат од Трамп“, рече Тања, 23-годишна жителка на Киев.
Таа додаде дека пред Трамп бил „некако непознат“, бидејќи никој не знаел каква политика ќе води, но сега, гледајќи ги неговите изјави, „Украинците се навистина шокирани“.
„Не е фер да се носат одлуки без Украина“, рече Тања. „Навистина е болно да се слушне дека „не требаше да ја започнеме оваа војна“ Украинците се обидуваат да се заштитат себеси. Таа нагласи: „Ова е нашиот живот – овде не се можни избори поради ракетите. Американската помош е прашање на живот и смрт за нас“.
Своето мислење го сподели и Викторија, која живее во Киев со својот син. „Трамп се однесува како насилник“, изјави таа. Таа додаде дека Зеленски е „претседател на народот и ја има нивната целосна поддршка“.
„Не сакаме наскоро да одржиме избори. Тоа ќе го направиме откако ќе заврши војната. Ќе застанеме покрај нашиот претседател и ќе се бориме“, додаде таа.
Олег Романишен, 28-годишен украински инженер кој остана во Киев по руската инвазија во 2022 година, исто така ги сподели своите размислувања за изјавите на Трамп.
„Имавме демократски избори во 2019 година. Тој дефинитивно не е диктатор“, рече Романишен.
„Нашиот пат кон демократијата започна во 1991 година“, додаде тој, мислејќи на годината кога Украина гласаше за независност.
„Оптимистите во мојата група пријатели стануваат реалисти“, рече тој. Тој смета дека Украинците требало да ги предвидат таквите изјави: „Наша грешка беше што не ја проучувавме личноста на Трамп за време на неговиот прв мандат“.
Романишин не се согласува со тврдењето на Трамп дека Зеленски е виновен за смртта на оние кои „непотребно загинале“ во војната.
„Нашата влада не е ангел, тие прават многу грешки“, рече Романишен, но додаде: „Но, украинската влада и народот не се виновни за војната и смртните случаи“.
Свет
Критиката на Трамп за Зеленски била испровоцирана: „Некој го советува многу погрешно“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/zelenski45.jpg)
Официјален претставник на Белата куќа рече дека објавата на Трамп во која тој жестоко го критикуваше Володимир Зеленски, е директен одговор на изјавата на украинскиот претседател кој претходно рече дека Трамп живее во „простор на дезинформации“.
Трамп потоа го нарече Зеленски диктатор и му порача дека лошо ја завршил работата. Во објавата на Трамп се додава и дека е подобро Зеленски да побрза или ќе нема земја со која ќе може да претседава.
На изјавата на Зеленски дека Трамп живее во простор на дезинформации создаден од Русија, се осврна и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс.
„Идејата дека Зеленски ќе го предомисли претседателот со лоши критики во јавноста е ужасен начин да се справите со оваа администрација, секој што го познава претседателот ќе ви каже дека тоа е така“, изјави Венс за „Дејли Мејл“.
„Очигледно го сакаме украинскиот народ“, рече Венс, додавајќи: „Се восхитуваме на храброста на војниците, но очигледно мислиме дека војната треба брзо да заврши“.
„Тоа е политика на претседателот на Соединетите Американски Држави. Таа не се заснова на руски дезинформации. Таа се заснова на фактот дека Доналд Трамп знае многу за геополитиката, има многу силни мислења и ги има тие мислења многу долго време“.
Венс додаде дека верува оти Зеленски добива многу лоши совети за тоа како да се справи со администрацијата на Трамп.