Свет
Помпео негативен на тестот на коронавирус

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека тој и неговата сопруга се негативни на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.
Тој ова го изјави во Дубровник по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на вирусот.
Поради новонастанатата ситуација, Трамп ги откажа предизборните митинзи, а засега не е познато дали ќе се одржи следната дебата на двајцата кандидати, закажана за 15 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Радев: Војната во Украина ја влече ЕУ кон дното

Претседателот Румен Радев предупреди за сериозните предизвици што ја очекуваат Бугарија и Европа поради војната во Украина и растечката опасност по безбедноста на регионот.
Тој изрази разочараност од недостигот на конкретни мерки за завршување на војната во Украина, посочувајќи дека Европа наместо мирно решавање на конфликтот, продолжува со неефикасни воени стратегии.
Шефот на државата ја критикува најавата на ЕУ за инвестиции во одбраната, истакнувајќи дека наместо реална поддршка, Бугарија ќе се соочи со сериозни економски последици и одбивање на важни инфраструктурни и социјални проекти.
Радев нагласи дека Бугарија мора да има самостојно планирање за модернизација на одбраната и армијата, без да чека насоки од странски институции.
Тој ја критикува владината блокада на важен бугарски инвестиционен проект за производство на барут, предупредувајќи на растечката нестабилност на меѓународниот пазар за муниција.
Претседателот на Бугарија предупреди дека Европа не може повеќе да игнорира реалноста на конфликтот во Украина и дека нејзината иднина е сериозно загрозена ако не се најде вистинско решение.
Радев ги потсети европските лидери дека мирот не може да се наметне од позиција на сила, посочувајќи дека Европа треба да работи на вистински дипломатски решенија, не на воени маневри.
Регион
Додик: РС останува цврсто на своите позиции, Србија ја дава целосната поддршка

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, повтори дека РС останува цврсто посветена на своите позиции и не планира да се откаже од нив.
Во објавата на социјалната мрежа Икс, тој нагласи дека РС е целосно посветена на мирот и стабилноста, а истовремено ќе продолжи да ги застапува своите ставови во рамки на политичкиот систем и почитувањето на Дејтонскиот мировен договор.
„РС не може и нема да се откаже од своите позиции. Ние постојано го повторуваме тоа, бидејќи ниту една наша акција нема да биде насочена кон нарушување на мирот“, изјави Додик, нагласувајќи дека користењето на политички средства е природно право на РС.
Додик исто така потврди дека имал состаноци со српскиот претседател Александар Вучиќ и српскиот премиер во оставка, Милош Вучевиќ, кои изразиле силна поддршка за Република Српска. Според него, Србија останува силно заложена за поддршка на РС и нејзините позиции.
Регион
Почина 5-годишно дете по пад од 4-ти кат од зграда во Сараево

И покрај напорите на лекарите, во Клиничкиот центар во Сараево вчера попладнево е констатирана смрт на детето (5) кое паднало од балкон на четврти кат од зграда.
Несреќата се случила на улицата Ступска, потврди портпаролката на МВР на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ.
Истрагата на лице место ја водеше обвинителот на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево, а ја спроведуваа полициски службеници на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево.
Инаку вчера во 17.20 часот детето падна од балкон на четврти кат од зградата и итно беше хоспитализирано во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.
Според првичните информации, истрагата треба да утврди како се случил овој трагичен настан.