Свет
Поранешен командант на НАТО: Путин е можеби најдоброто нешто што ѝ се случило на западната воена алијанса
Поранешниот командант на НАТО, Џејмс Ставридис, смета дека рускиот претседател Владимир Путин можеби е најдоброто нешто што ѝ се случило на западната воена алијанса.
Според Ставридис, кој беше командант од 2009 до 2013 година, одлуката на Путин – Русија да изврши агресија врз Украина – придонесе Западот да ја зајакне својата одбрана.
Имено, тој во интервју за MSNBC се осврна и на одлуката на Германија да ги зголеми трошоците за армијата.
„Со години бев командант на НАТО. На секоја конференција, на секој состанок на високи функционери, наоѓав начин да им се обратам на германската канцеларка Ангела Меркел и на тогашната германска министерка за одбрана, Урсула фон дер Лаен (сегашниот претседател на Европската комисија). Им велев: Треба да ги зголемите трошоците за одбрана. Залудно го зборував тоа четири години. За 48 часа, Владимир Путин ја охрабри Германија да го удвои воениот буџет. Тоа е мудар потег на Германија“, истакна Ставридис.
Тој тогаш изјави дека Путин е можеби најдоброто нешто што му се случило на НАТО.
На 27 февруари германската влада објави дека ќе создаде посебен фонд од 100 милијарди евра за армијата. Канцеларот на оваа земја, Олаф Шолц, најави дека воениот буџет ќе изнесува повеќе од два отсто од БДП годишно. Пред тоа земјата ги намалуваше трошоците за војската. Како причина за претходно посоченото Шолц ги наведе националната безбедност и целосното исполнување на обврските кон НАТО.
Ставридис на 4 февруари за „Њујорк тајмс“ изјави дека воспоставениот глобален систем личи на долго користен автомобил, кој е застарен, но може да се поправи.
„Но, тој автомобил е сѐ уште на пат, се движи по патот и иронично е што Владимир Путин направи најмногу за него“, додава тој.
За пензионираниот генерал, тешко дека Путин ќе употреби нуклеарно оружје, а тој истакна дека НАТО е супериорен во однос на руската армија во сите сегменти.
Како што рече, Русија нема да предизвика директен конфликт со НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

