Свет
Поранешен претседател уапсен на аеродром, имал куфер полн со непријавени пари
Поранешниот претседател на Хондурас, Мануел Зелаја бил уапсен на аеродромот Тегусигалпа затоа што имал торба во која имало непријавено 18.000 долари.
Тој тврдел дека парите не се негови.
Зелаја на „Твитер“ напиша дека бил неправедно приведен додека се подготвувал да отпатува за Мексико, каде требало да учествува на семинар.
„Причината: торба со 18.000 долари што не ми припаѓа мене“, напиша Зелаја.
Кога цариниците го прегледале куферот со рентген, виделе дека внатре има уште една торба со непријавени пари, пишуваат локалните медиуми.
Според законот, сите патници мора да пријават износ над 10.000 долари. Ако не го сторат тоа, може да добијат парична казна во висина од една третина од непријавените пари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.
Свет
„Би-Би-Си“: Договорот за прекин на огнот во Газа можеби е најкревкиот во историјата на Блискиот Исток
Иако во Газа е постигнат договор за прекин на огнот, Блискиот Исток останува симбол на сложената историја исполнета со конфликти, краткотрајни мировни договори и прекршени договори.
Секој нов договор доаѓа со товар на недоверба и гнев, зацврстувајќи ги позициите на екстремните фракции. Сегашниот договор, сепак, можеби е најкревкиот досега, со Газа во урнатини, а Израел сè уште се оптеретува од последиците од 7-ми октомври.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите десничарски сојузници цврсто ја отфрлаат идејата за палестинска држава, и покрај широкиот консензус дека тоа е единствениот пат кон траен мир. Иако анкетите покажуваат пад на довербата во решението за две држави, повеќе од 60 отсто од Палестинците и израелските Евреи претпочитаат мир и нормализација врз основа на овој модел, наместо продолжување на војната.
Регионалниот контекст дава надеж – регионалните сили покажуваат поголем ангажман, додека САД, под водство на новиот претседател Доналд Трамп, кој очигледно е подготвен да преземе одлучувачки чекори, продолжува да игра клучна улога. Времето ќе покаже дали овој договор може да донесе промени. Историјата учи дека мир можат да постигнат само оние кои учествувале во конфликтот, а прашање е дали овојпат ќе има доволно волја за тоа.