Свет
Поранешна манекенка тврди: Трамп сексуално ме злоупотреби, не можев да избегам од неговата цврста прегратка

Ејми Дорис, поранешна манекенка, го обвини првиот човек на САД, Доналд Трамп, дека сексуално ја нападнал за време на турнирот на САД опен пред повеќе од две децении.
Во ексклузивно интервју за „Гардијан“, Дорис изјави дека Трамп ја нападнал пред тоалетот во неговата ВИП-ложа на 5 септември 1997 година.
Ејми, која во тоа време имала 24 години, го обвинува Трамп дека насилно ја бакнувал ставајќи ѝ го јазикот во уста, ја стискал во прегратка, од која не можела да избега.
Таа реши да зборува за тоа по 23 години со образложение дека се чувствувала загрозена.
Трамп преку своите адвокати остро ги негира нејзините обвинувања и тврди дека тој никогаш не ја вознемирувал ниту, пак, се однесувал непримерно кон Дорис.
Дорис, која живее на Флорида, му доставила на „Гардијан“ докази што може да ја поддржат нејзината приказна. Таа покажала билет од САД опен и шест фотографии на кои се гледа како стои покрај Трамп, кој тогаш бил оженет со втората сопруга Марла Мејплс.
Нејзините тврдења ги потврдиле уште неколку лица на кои им се доверила за инцидентот. Меѓу нив се и пријателот на Ејми од Њујорк и мајка ѝ, кои таа ги повикала веднаш по наводниот напад. Во следните години таа му се доверила на својот психолог и на некои други пријатели. На сите им ја раскажала истата приказна што му ја раскажала и на репортерот на „Гардијан“.
Дорис, која сега има 48 години и е мајка на близначки, рече дека сакала да зборува за тоа во 2016 година кога уште неколку жени тврделе дека тогашниот републикански кандидат за претседател ги нападнал сексуално. Сепак, таа решила да молчи за сè плашејќи се дека тоа може да го загрози нејзиното семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Песков: Франција лажеше за договорите од Минск, а Макрон сега молчи

Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, денеска реагираше на обвиненијата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Русија ги крши договорите, истакнувајќи дека Франција, всушност, е виновна за кршење на договорите, вклучувајќи ги и двата договори од Минск.
„Франција изнесе многу лаги. Се сеќаваме на изјавата на поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, кој вели дека никој не ги сфатил сериозно договорите од Минск“, изјави Песков во интервју за новинарот Павел Зарубин.
Претставникот на Кремљ потсети дека во 2014 година Франција потпишала договор што гарантираше политичката иднина на тогашниот легитимен претседател на Украина, Виктор Јанукович. Но, по тоа, следувал државен удар и Франција, како и другите земји, не ги исполниле своите обврски.
„Зарем тоа не беше лага? Секако, беше вистинска лага. Но, господинот Макрон не спомена ништо за тоа“, додаде Песков.
Договорите од Минск, кои се обидуваа да стават крај на конфликтот во источна Украина, беа постигнати во 2014 година и 2015 година. Многу години по нивното потпишување, постигнатиот напредок беше делумен, со значително намалување на непријателствата, но многу од точките не беа целосно спроведени.
Свет
3,5 милиони Украинци од окупираните територии се под ризик од присилна мобилизација

Британското Министерство за одбрана во својот најнов разузнавачки извештај алармираше за сериозна закана која ги снаоѓа Украинците на окупираните територии, бидејќи до денес им биле издадени 3,5 милиони руски пасоши. Овој број бележи зголемување за 700.000 во споредба со март минатата година.
Според британскиот извештај, поседувањето на руски пасош значи и обврска да се служи во руската војска, што ги става овие граѓани во висок ризик од принудна мобилизација.
„И за Украинците кои не поседуваат руски пасоши, постои закана за конфискација на имотот“, предупредуваат од Министерството за одбрана на Велика Британија.
Со цел да пристапат до основни услуги, како што се здравствена заштита, финансиски услуги и социјални бенефиции, многу Украинци во окупираните области сега се принудени да поседуваат руски пасоши. Особено во региони како Доњецк и Луганск, каде Русија задржува делумна контрола, ситуацијата станува сè појасна.
Свет
Папата упати важна порака од болничкиот кревет

Папата Франциск денеска во пораката прочитана на мисата во базиликата Свети Петар повика на подобрена заштита на жените, идните мајки, постарите и изнемоштените лица.
„Ве охрабрувам да ја подобрите социјалната заштита на мајчинството и прифаќањето на човечкиот живот во сите негови фази“, рече папата Франциско, кој се лекува од пневмонија во римската болница Гемели, во пораката што во негово име ја пренесе државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, пренесе АНСА.
Жените треба да знаат дека имаат поддршка во општеството.
„Нероденото дете го претставува, во целосна смисла, секој маж и жена што не се брои, што нема глас. Да се застане на нивна страна значи да се биде солидарен со сите оние кои биле отфрлени од светот. Сега, повеќе од кога било, продолжува да има потреба од луѓе кои се посветуваат на службата на човечкиот живот, особено кога тој е најкршлив и најранлив“, се вели во пораката на папата Франциск.
Во пораката се наведува дека „праведно општество не се гради со елиминирање на несаканите неродени деца, постарите луѓе кои веќе не се независни или смртно болните“.