Свет
Поранешниот шеф на НАТО: Украина да влезе во Алијансата без териториите окупирани од Русија

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, предложи Украина да се приклучи на воената алијанса без териториите окупирани од Русија, бидејќи, како што рече, делумното членство на Украина ќе испрати порака до Русија дека не може да ја спречи земјата да влезе во НАТО.
Расмусен, дански политичар кој беше генерален секретар на НАТО од 2009 до 2014 година, инсистира на тоа дека планот на Украина за делумно членство нема да симболизира замрзнување на конфликтот, туку наместо тоа ќе биде израз на решителност дека Русија не може да ја спречи Украина да се приклучи на западната воена алијанса, пренесува „Гардијан“.
Расмусен рече дека прашањето за членството на Украина во НАТО не може повторно да се одложи за следните години.
„Дојде време да го направиме следниот чекор и да ја поканиме Украина да се приклучи кон НАТО. Ни треба нова европска безбедносна архитектура во која Украина е во срцето на НАТО. Исклучувањето на територијата што ја држи Русија од НАТО ќе ја намали опасноста од конфликт меѓу Русија и Алијансата“, истакна Расмусен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.
Европа
Медведев: Наместо да зборуваат за мир, тие ѝ се закануваат на Русија

Сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев реагираше на веста за собирот на европските лидери во Киев.
„Макрон, Мерц, Стармер и Туск требаше да разговараат за мир во Киев. Наместо тоа, тие упатуваат закани до Русија.
Или примирје за бандеровските орди да дојдат до здив или нови санкции. Мислите дека тоа е паметно? Ставете си ги тие ваши мировни планови во вашиот за*ник“, напиша Медведев на социјалните мрежи.
Свет
Пакистан и Индија се согласија на моментален и целосен прекин на огнот, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на „целосно и моментално“ примирје. Тој ја објави веста на својата социјална мрежа Truth Social.
„По долга ноќ преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија на моментален и целосен прекин на огнот. Честитки до двете земји за нивниот здрав разум и одлична интелигенција. Ви благодарам за вашето внимание!“ напиша Трамп.
Индија и Пакистан се согласија на моментален прекин на огнот и почеток на разговори за широк спектар прашања, потврдија високи функционери од двете земји.
Пакистанскиот вицепремиер Ишак Дар изјави дека двете земји се согласиле на моментален прекин на огнот, додавајќи: „Пакистан отсекогаш се залагал за мир и безбедност во регионот, без да прави компромиси со својот суверенитет и територијален интегритет!“