Свет
Починатиот црнец и полицаецот уапсен поради неговото убиство работеле во ист ноќен клуб
Џорџ Флојд, Афроамериканецот чија смрт во поднеделникот предизвика насилни протести низ САД, и Дерек Чавин, полицаецот уапсен за неговото убиство, работеле во ист ноќен клуб во близина на Минеаполис.
Ова за американските медиуми го потврди поранешната сопственичка на клубот, велејќи дека двајцата работеле заедно цела година и дека постои можност нивните смени да се преклопувале. Станува збор за клубот „Ел Нуево Родео“ во сопственост на Маја Сантамарија. Сопственичката не сакала директно да потврди дека Флојд и Чавин се познавале, но рекла дека постои можност за тоа.
Чавин работел во обезбедувањето на клубот како полицаец вон должност скоро 18 години, додека Флојд работел таму скоро една година, изјавила Сантамарија за „Еј-би-си 5“. Тој исто така работел како дел од обезбедувањето на ноќниот клуб.
Сепак, Сантамарија посочува дека не е сигурна дали тие се познавале бидејќи Чавин работел надвор од просториите на клубот, додека чуварите како Флојд биле внатре, но таа потврди дека и двајцата работеле во „Ел Нуево Родео“ во текот на цела 2019 година.
„Ако се сретнале, веројатно не се паметат. Делумно затоа што како обезбедување работеа десетина луѓе, особено кога имаше поголеми концерти“, рекла Сантамарија.
„Чавин понекогаш постапуваше нервозно и без многу трпение“, додала Сантамарија за „Еј-би-си 5“, нагласувајќи:
„Тој изгледаше испаничено кога имаше кавги и проблеми. Секогаш таквите работи ги решаваше со солзавец, дури и кога тоа не беше потребно“, рекла таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.