Свет
Почна историското судење на Трамп
Второто судење на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, почна во американскиот Сенат. Судењето следува по обвинение за поттикнување упад на неговите приврзаници во зградата на Конгресот на 6 јануари.
Ова е првпат на американски претседател да му се суди по напуштањето на функцијата.
Адвокатскиот тим на Трамп го нарече судењето апсурдно и неуставно бидејќи тој веќе ја напуштил функцијата.
Стотици приврзаници на Трамп упаднаа во Конгресот судрувајќи се со полицијата и барајќи начин да го запрат процесот што требаше да ја потврди изборната победа на Џо Бајден.
Упадот, кој според некои демократи беше обид за државен удар извршен од домашни терористи, се смета за најопасен напад врз американската демократија од Граѓанската војна во 1860 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија на работ да освои три клучни градови
По повеќе од една година исцрпувачки борби во кои постигнаа исклучително бавен напредок, руските сили се на работ да освојат три стратешки важни градови во јужна и источна Украина. Освојувањето на Хуљајполе, Покровское и Мирноград би можело да ѝ обезбеди на Москва клучни упоришта за идните офанзиви и да ѝ даде предност во евентуалните мировни преговори посредувани од САД, пишува The New York Times.
Воените експерти и независните набљудувачи проценуваат дека Русија би можела да го заврши освојувањето на овие области во наредните недели или месеци. Иако овие успеси веројатно нема брзо да се претворат во понатамошно значајно територијално проширување, со оглед на бавното темпо на напредок во текот на изминатата година, тие би го зајакнале аргументот на Москва дека нејзиното напредување е неизбежно. Ова би го зголемило притисокот врз Украина да отстапи територија како дел од договорот, наместо да ја изгуби во крвави битки подоцна, пишува пишува The New York Times.
Најголемата опасност за украинските сили во моментов е во југоисточниот регион Запорожје. Градот Хуљајполе, долго време клучна точка на одбрана на тој дел од фронтот, е речиси целосно под руска контрола, покажуваат мапите на независните набљудувачи, а капетанот Дмитро Филатов, украински офицер кој се бори во областа, потврдува.
Капетанот Филатов, командант на 1-виот одделен јуришен полк, минатата недела изјави дека украинските сили сè уште држат неколку згради во Хуљајполе. Но, „поголемиот дел од градот е целосно под непријателска контрола“, рече тој, додавајќи дека „95 проценти од војниците таму се Руси“.
Руските сили се приближуваат и кон предградијата на Запорожје, индустриски центар со 700.000 жители. Според мапите на бојното поле, московските трупи се на околу 24 километри од јужниот влез во градот, а понатамошното напредување би го довело подрачјето во домет на мали дронови за напад.
Аналитичарите ги припишуваат успесите на Русија во Запорожје на послабата украинска одбрана, бидејќи Киев ги концентрира своите сили на одбрана на градовите во соседниот регион Донецк.
Воените експерти веруваат дека освојувањето на Покровское и Мирноград би ѝ дало на Москва отскочна даска за напредување кон север и да ја постигне својата цел да го освои целиот регион Донецк, од кој веќе контролира околу три четвртини. Главната цел би можела да биде Костјантинивка, оддалечена околу 40 километри.
Костјантинивка е јужниот влез во синџирот градови што го сочинуваат последниот голем одбранбен појас на Украина во Донецк. Неговиот пад би ги довел речиси сите градови подалеку на север во дострел на руските беспилотни летала, а Москва би добила пристап до клучен сообраќај што ги поврзува.
Откако делумно го опколија градот минатата година, руските сили почнаа да се инфилтрираат во него оваа зима и ги засилија нападите со беспилотни летала врз снабдувачките патишта. Еден украински командант неодамна изјави дека пристапот кон Костјантинивка станал толку опасен што повеќето мисии за снабдување се извршуваат со роботизирани возила на далечинско управување.
фото/Depositphotos
Свет
Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи
Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече дека кратко откако пристигнал на час во 13:30 часот, се вклучил аларм со упатства за заклучување на вратите.
„Ги зедовме клупите и ја забарикадиравме вратата“, рече тој, додавајќи дека поминале повеќе од два часа правејќи го тоа додека тој добивал фотографии од местото на настанот на својот мобилен телефон.
„Тукушто сега почнувам да разбирам што навистина се случило. Мислам дека ја познавав една од жртвите, но сè е сè уште многу свежо“, рече Квист.
Тој ја опиша ситуацијата како „скоро надреална“. „Се чувствував како да сум на место што го видов само на телевизија“, заклучи тој.
Свет
(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“
Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот.
„Ова е ужасна и незамислива трагедија“, рече тој. „Не можеме ни да замислиме низ што минува заедницата. Но, знам дека сето ова нè тера да ги прегрнеме нашите деца малку поцврсто вечерва“.
Премиерот Иби рече дека полицајците, кои пристигнале на местото на настанот во рок од две минути од повикот, можеби спречиле уште поголема трагедија со нивниот брз одговор. Тој исто така нагласи дека полицијата сè уште ги известува семејствата на жртвите.
All of BC is wrapping the families of Tumbler Ridge with love.
Supports are available:
BC Mental Health Support Line: 310-6789
Kids Help Phone: Text “CONNECT” to 686868
Thank you to the emergency responders on the ground for the work they are doing. pic.twitter.com/BqbkDnH9JT
— David Eby (@Dave_Eby) February 11, 2026
Според Иби, брзото пристигнување на полицијата значело дека „е спречено катастрофалната трагедија да биде многу полоша“.
Тој нагласи дека полицајците ги ризикувале сопствените животи брзајќи кон училиштето. „Тоа е херојски чин и им сум многу благодарен“, рече Иби. Полицијата објави дека вооружениот напаѓач бил пронајден мртов во училиштето и дека се сомнева на самоубиство.
Одговарајќи на прашања од новинарите, Иби потврди дека полицијата „продолжува да контактира со семејствата и најблиските роднини“ на жртвите. „Очекувам дека наскоро ќе добиеме нови информации од полицијата“, рече тој.
На прашањето за реакцијата на федералниот премиер, Иби рече дека тој „ја пренел тагата и очајот што ги чувствува, како и она со што се соочуваат жителите на Тамблер Риџ“. Иби додаде дека премиерот понудил помош од федералната влада во иднина.

