Свет
Почнува Минхенската конференција – првпат без учество на Русија
Првпат од 1991 година, денеска, без официјално учество на Русија, ќе почне Минхенската безбедносна конференција, а една од главните теми ќе биде, покрај тензиите меѓу Москва и Киев, и ситуацијата на Западен Балкан.
Претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер, кој на крајот на годината се повлекува од оваа функција, оцени дека отсуството на делегацијата од Русија е грешка. Тој нагласи дека никој не ѝ се заканува на Русија.
Меѓу многуте учесници на собирот, кој по паузата поради пандемијата повторно ќе се одржи во живо, се и потпретседателката на САД, Камала Харис, министерот за надворешни работи на САД, Ентони Блинкен, и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Конференцијата ќе ја отвори генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
На тридневниот собир ќе учествуваат 30-ина шефови на држави и влади, како и повеќе од 80 министри.
Според востановената традиција, конференцијата во хотелот „Бајрисшер Хоф“ ќе се одржи со почитување на епидемиолошките мерки, а наместо вообичаените 2.000 учесници, годинава ќе присуствуваат 600 лица, кои мора да бидат вакцинирани и да направат ПЦР-тест.
Во фокусот на конференцијата ќе бидат украинскиот конфликт, нуклеарниот договор со Иран и ситуацијата на Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Каиро и Москва го продлабочуваат партнерството: нови чекори во нуклеарниот и индустрискиот сектор
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси ја нагласи вредноста на односите на неговата земја со Русија за време на средбата со секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, во Каиро, соопшти египетската претседателска канцеларија.
За време на разговорот, како што е наведено, Сиси му пренесе поздрави на рускиот претседател Владимир Путин и ја нагласи важноста од подобрување на билатералните односи во клучните сектори – енергетика, индустрија и инфраструктура. Посебно внимание беше посветено на градежните проекти на руската индустриска зона во близина на Суецкиот канал и нуклеарната централа Ел Даба.
Двете страни детално ги разгледаа перспективите за реализација на овие проекти, кои, како што е најавено, дополнително би можеле да ја зајакнат економската и технолошката соработка меѓу Египет и Русија.
Шојгу потсети дека инсталацијата на реакторот во првиот блок на нуклеарната централа Ел Даба е закажана за 19 ноември. Тој изрази надеж за успешно завршување на церемонијата на поставување и истакна дека околу 3.500 египетски работници биле вклучени во изградбата.
Проектот Ел Даба, имплементиран од руската државна компанија „Росатом“, претставува прва нуклеарна централа во Египет и еден од најголемите заеднички инфраструктурни проекти на Москва и Каиро во последните неколку децении.
Регион
Бугарија ја зголемува безбедноста во рафинеријата на „Лукоил“ во Бургас пред преземањето
Бугарија ја зајакнува безбедноста на копно, вода и во воздух, вклучително и системот за заштита од дронови, во објектите на „Лукоил“ на своја територија пред планираното преземање на фабриката, објави денес бугарската влада.
Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) денес влезе во канцелариите на компанијата „Лукоил“ во земјата и во рафинеријата во Бургас и почна со инспекции, објави Бугарското национално радио (БНР).
Според соопштението на кабинетот, во Бургас се распоредени единици на воена полиција и системи против дронови, а Министерството за внатрешни работи спроведува зголемени контроли на сите возила што влегуваат во периметарот на објектот, вклучително и проверки за експлозивни направи.
Владата во Софија наведува дека мерките се исклучиво превентивни и имаат цел да ја зачуваат безбедноста на енергетските објекти означени како критична инфраструктура, објавува „Ројтерс“.
В петок бугарскиот парламент усвои измени на Законот за административното регулирање на економските активности поврзани со нафта и нафтени производи, со кои се даваат вонредни овластувања на идниот специјален менаџер на компанијата „Лукоил“ во таа земја, пишуваат медиумите.
Врз основа на новите овластувања управителот ќе може да ја продаде рафинеријата во Бургас, а рускиот „Лукоил“, кој досега управуваше со рафинеријата, повеќе нема да има право на глас, ниту можност за жалба на одлуката за преземање.
Американските и британските санкции против руските енергетски гиганти „Лукоил“ и „Роснефт“, воведени минатиот месец поради војната во Украина, извршија притисок врз владите на земјите членки на Европската Унија кои продолжуваат да зависат од руските деривати.
Бугарската рафинерија во Бургас е од стратешко значење за снабдувањето со гориво во регионот, а властите во Софија стравуваат од можни прекини во синџирите на снабдување доколку дојде до целосен прекин на работењето на „Лукоил“, според написите.
Министерот за економија Петар Дилов изрази верување дека Бугарија, како и Унгарија, ќе добие ослободување од американските санкции за рафинеријата „Лукоил“.
Според него, Бугарија, за разлика од Унгарија, не работи со руска нафта повеќе од една година.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Вучиќ ѝ се јавил на Дијана Хрка за да ја замоли да го прекине штрајкот со глад, таа вели дека не се чувствува добро
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово лично им се јавил на Дијана Хрка и на Угљеша Мрдиќ, двајцата активисти кои веќе неколку дена штрајкуваат со глад во Собранието.
„Разговарав на телефон со Дијана Хрка и со Угљеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад и ја поканив госпоѓата Хрка во претседателството на состанок. Сите добри луѓе во Србија се загрижени за нивното здравје, се молам и се надевам дека ќе донесат одлука за прекин на штрајкот“, изјави Вучиќ.
View this post on Instagram
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој загина при падот на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад веќе девет дена.
Во изјава за агенцијата „Фонет“, Хрка потврди дека не се чувствува добро и дека не е во состојба да коментира за повикот на претседателот. „Не можам да зборувам за тоа сега. Моментно лежам и не сум баш добро“, изјави таа.
Претходно, Хрка изјави дека нема да го прекине штрајкот со глад додека институциите не почнат да си ја работат својата работа.

