Свет
По Италија и Белгија не дозволува Украина да го користи нивното оружје за цели во Русија

Белгискиот премиер Александре Де Кроа изјави дека Белгија нема намера да и дозволи на Украина да го користи оружјето што го добила од Белгија за напади на територијата на Русија.
Во Вашингтон, пред средбата со американскиот претседател Џо Бајден, де Кроа потсети дека оваа недела потпишал договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој предвидува испорака на борбени авиони Ф-16 на Украина, но истакна дека договорот јасно наведува оти овие авиони можат да се користат само на тлото на Украина.
„Тоа е договор кој е склучен и сакам да се држам до него“, рекол Де Кро, пренесува белгискиот портал „7sur7“.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг минатата недела рече дека Украина може да користи оружје на Алијансата во нападите врз воени цели на руска територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Нови Сад избира градоначалник: најавен е протест, огромен број полициски сили го обезбедуваат градското собрание

Голем број полицајци утринава пристигнаа во градското собрание на Нови Сад каде денеска се одржува седница за избор на нов градоначалник. По тој повод се очекува протест организиран од новосадската опозиција, јавува Нова.рс.
Како што е објавено на официјалната веб-страница на новосадското Собрание, денешната седница започнува во 10 часот. И уште во 6 часот и 30 минути утринава полициски службеници почнаа да го обезбедуваат објектот.
07.05h duga kolona policajaca ulaze #novisad pic.twitter.com/Ksu6Ppwq3b
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) February 24, 2025
Според видеата објавени на социјалните мрежи, полицајците стационирани на влезот биле целосно опремени.
Во 7 часот, според видео снимките, полициски автомобили пристигнале пред градското собрание на Нови Сад. Набргу потоа, друга група полицајци пристигна во зградата на парламентот во Нови Сад.
07.15h …nove i nove marice i stigle i ograde ispred Skupštine grada #NoviSad pic.twitter.com/ooG0Xwc3hv
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) February 24, 2025
Само 15 минути подоцна, јавува Нова.рс, пристигнале уште минибуси. Како што вчера објави порталот Нова.рс, обезбедувањето и неидентификувани лица со качулки, без обележја, вчера подигале ограда пред градското собрание.
Инаку, здружената новосадска опозиција ги повика граѓаните на протест во 9:30 часот за да го изразат своето незадоволство од обидот на СНС да избере нов градоначалник против волјата на мнозинството граѓани.
Имено, кандидатот за градоначалник на Нови Сад е советник во собранието на Нови Сад од листата на Александар Вучиќ, Жарко Миќин, објави неодамна Градското собрание.
Тој е шеф на кабинетот на премиерот Милош Вучевиќ и еден од неговите најблиски соработници.
Свет
Карабинерите запленија имот во вредност од 300.000 евра на 19 наводни членови на Коза Ностра

Италијанските карабинери утрово изведоа антимафијашка операција во регионите на Калабрија и Сицилија чија цел беа 19 наводни членови на мафијата Коза Ностра.
Карабинерите извршија судска наредба за превентивно одземање на фирми и имот во вредност од 300.000 евра, пренесува Анса.
Наредбата за заплена ја издал истражниот судија на Катанија, по барање на локалното окружно обвинителство.
Сомнението е дека овие лица сториле кривични дела мафијашко здружување, изнуда, трговија со дрога и дилање, како и измама за пренос на имот.
Европа
(Видео) Пред точно три години Путин му се обрати на светот, а тенкови ја минаа границата

На денешен ден пред точно три години започна сеопфатната руска инвазија врз Украина. Руските сили, под наредба на Владимир Путин, започнаа сеопфатен напад врз Украина со цел да ја преземат контролата врз територијата, предизвикувајќи го најголемиот воен конфликт во Европа од Втората светска војна.
Инвазијата резултираше со десетици илјади жртви, масовно уништување на инфраструктурата и раселување на милиони луѓе. Украина и денес се спротивставува на руската агресија, три години по тој ден, и се стреми да ја зачува својата независност и територијален интегритет.
Потсетување на хронологијата од тој ден со придружната снимка, која на Икс ја објави Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи.
24.02.2022: the chronicle of a day that changed the fate of the entire world
▪️ It all started with Putin's speech, in which he announced the decision to start the so-called "SMO".
▪️ At 5:00 Russian troops attacked the state border of Ukraine from Russia and Belarus within the… pic.twitter.com/5gbumcCMlB— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 24, 2025
- Се започна со говорот на Владимир Путин во кој тој го најави почетокот на т.н „специјални воени операции“.
- Во 5:00 часот, руските сили ја нападнаа државната граница на Украина од правец на Русија и Белорусија, во границите на регионите Луганск, Суми, Харков, Чернихив и Житомир. Покрај тоа, напад беше покренат од правец на окупираниот Крим. Ракети погодија десетици градови.
- Во 6:11 часот, претседателот Зеленски го свика Советот за национална безбедност и одбрана (NSDC), кој прогласи вонредна состојба.
- Во 6:46, Зеленски им се обрати на Украинците: „Не паничете! Ние сме силни, подготвени сме на се. Ќе победиме се. Затоа што ние сме Украина. Слава на Украина!“
- Веќе во 7:53 се појавија информации дека се соборени 5 авиони и 1 хеликоптер на Вооружените сили на Руската Федерација. Пристигнаа и првите вести за жртви меѓу војниците и цивилите.
- Во 10:40 часот, две „неидентификувани цели“ им се заканија на украинските граничари на Змискиот остров во Црното Море. Војниците зазедоа одбрана, а на агресорот му беше упатена фраза која стана мото на целата нација
- Во 12:40 часот руските специјални сили тргнаа во воздушен десант на аеродромот во Хостомел во близина на Киев.
- Во 13 часот руска оклопна колона го започна својот пробив кон Киев.
- Во 13 часот, министерот за одбрана Олексеј Резников изјави: „Сите што се подготвени да земат оружје, приклучете се на Територијалната одбрана. Ние им даваме оружје на сите патриоти кои се подготвени да го употребат против непријателот без двоумење!“
- Во 15 часот, портпаролот на Кремљ Песков изјави дека Путин е „подготвен за преговори“ доколку Украина ги прифати неговите услови.
- Во 16:00 часот руските сили напредуваа во регионот Суми и влегоа во зоната на Чернобил.
- По 17:30 часот, во близина на Чернихив се предаде извиднички вод на 74-та моторизирана бригада на вооружените сили на Руската Федерација.
- Во текот на првиот ден од инвазијата загинаа 57 лица, а 169 беа ранети.
- Околу 18 часот Зеленски им се обрати на светските лидери: „Ако не ни помогнете денес, утре војната ќе затропа на вашите врати“.
- Во 22:00 часот, 16 часа по почетокот, украинските вооружени сили, граничарите, спасувачите и припадниците на другите безбедносни сили херојски ја одржаа одбраната