Свет
По пожарот во Калифорнија за исчезнати се водат 993 лица
Бројот на луѓе што се водат за исчезнати во најфаталниот и најдеструктивен пожар во Калифорнија се намали од 1.276 на 993 лица, соопшти канцеларијата на окружниот шериф, без да открива дополнителни детали.
Во Калифорнија продолжува потрагата по жртвите и исчезнатите лица во најсмртоносниот пожар во историјата на американската сојузна држава, а метеоролозите најавуваат дожд.
Стотици луѓе ги напуштија своите домови кога огнената стихија го погоди северниот град Парадајс.
Форензичките тимови што ги пребаруваат изгорените рушевини пронашле уште шест безживотни тела, со што бројот на мрвти се зголеми на најмалку 77, од кои 63 се идентификувани, меѓутоа се чекаат и сигурни потврди од ДНК- анализата, го пренесува агенцијата „Ројтерс“ соопштението на властите.
Пожарот избувна на 8 овој месец.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го посети опожарениот град Парадајс, мала заедница што се наоѓа 280 километри северно од Сан Франциско, а во која живееја околу 27.000 луѓе пред пожарот наречен Кемп речиси целосно да ја проголта.
Националната метеоролошка служба објави дека до 10 сантиметри дожд ќе паднат од вторник навечер до петок во подножјето на планинскиот венец Сиера, вклучително и во Парадајс, кој беше најпогоден од пожарот, пренесе „Гласот на Америка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

