Свет
По шест децении, ЕТА се распушти
Баскиската сепаратистичка организација ЕТА објави целосно распуштање на сите структури. Во писмото испратено до баскиските институции и невладини организации, кое го објави интернет-порталот eldiario.es, ЕТА ја признава одговорноста за неуспехот во решавањето на политичкиот конфликт во Баскија. Организацијата „Еускади та Аскатасуна“ (ЕТА), што значи „Баскиска татковина и слобода“, уби 853 луѓе за време на својата вооружена кампања за создавање независна баскиска држава во северна Шпанија и во јужна Франција.
Во писмо објавено од шпанскиот онлајн-весник групата ги извести баскиските институции и невладините организации дека престанува да постои. „ЕТА одлучи да објави крај на својот историски циклус и својата улога доведувајќи го својот пат кон крај. Таа целосно ги распушти сите свои структури и објави крај на својата политичка иницијатива“, се вели во писмото.
Групата, која ја напушти својата вооружена кампања пред седум години, рече дека потегот е дел од процес што треба да донесе нов политички циклус во баскиската татковина. „Оваа одлука го завршува 60-годишниот циклус на ЕТА, но не става крај на конфликтот помеѓу Баскија, Шпанија и Франција“, се вели во писмото.
ЕТА ќе одржи симболичен настан кој ќе го означува распуштањето во јужна Франција в петок. Шпанскиот министер за внатрешни работи, Хуан Игнасио Зоидо, реагира на писмото ветувајќи дека полицијата ќе продолжи да лови терористи каде и да се. Тој додаде дека членовите на ЕТА немаат ништо кога престанаа да убиваат и нема да добијат ништо со изјава за распуштање.
ЕТА е основана како културна организација во 1959 година. Нејзината цел беше воспоставување независна баскиска држава во северна Шпанија и јужна Франција. Таа презеде вооружена борба следната деценија и меѓу 1968 и 2010 година беа убиени 829 лица во бомбашки напади и престрелки, речиси половина од нив се цивили. Групата исто така ги нападна државните безбедносни сили и во 1973 година го уби шпанскиот премиер Луис Кареро Бланко со огромен автомобил бомба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.
Свет
Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба
Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање на стоки, услуги и обврски, соопшти Министерството за финансии на Бугарија.
Според законот за воведување на еврото во Бугарија, цените на стоките и услугите и понатаму ќе бидат истакнати во двете валути до 8 август 2026 година, со цел да се обезбеди транспарентност и да се спречат шпекулативни практики, јавија бугарските медиуми.
Граѓаните на Бугарија кои и понатаму поседуваат левови можат бесплатно да ги заменат во банките и во „Бугарски пошти“ до 30 јуни 2026 година, додека Националната банка на Бугарија (БНБ) ќе обезбеди бесплатна и неограничена замена на левовите во евра и по тој датум.
Министерството за финансии потсетува дека трговците веќе немаат обврска да примаат левови, а кусурот во секоја трансакција се враќа исклучиво во евра.
Бугарија на 1 јануари 2026 година официјално го воведе еврото и стана 21-ва членка на еврозоната, точно 19 години по влезот во Европската унија.
Свет
Трамп: Најновите документи за Епстин ме ослободуваат од обвинувањата
Американскиот претседател Доналд Трамп, реагираше на објавувањето на повеќе од три милиони страници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тврдејќи дека документите го ослободуваат од обвинувањата.
– Не сум ги видел документите лично, но некои многу важни луѓе ми кажаа дека тие не само што ме ослободуваат, туку покажуваат спротивно од она што радикалната левица и другите го очекуваа, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион „Air Force One“, пренесува „Тајмс“.
Трамп, кој призна дека бил пријател со Епстин, повеќепати негираше каква било вмешаност или сознанија за неговите сексуални злодела, истакнувајќи дека нивното пријателство завршило пред многу години.
Министерството за правда на САД предупреди дека објавените документи можат да содржат „невистинити и сензационалистички“ тврдења за Трамп.
Министерството за правда на САД завчера објави повеќе од 3,5 милиони страници документи, околу 2.000 видео-снимки и 180.000 фотографии во рамките на новата серија материјали поврзани со случајот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

