Свет
По 10 години, демократите ја презедоа контролата и над Сенатот на САД

Тројца нови американски сенатори вчера положија заклетва непосредно по преземањето на претседателската функција на Џозеф Бајден давајќи ѝ на Демократската партија контрола над горниот дом на Конгресот на САД.
Покрај функциите претседател и потпретседател на државата, демократите во следните две години ќе ги контролират и Претставничкиот дом и Сенатот, што ќе му овозможи на Бајден да спроведе амбициозен план за соочување со големи предизвици, според „Асошиетед прес“.
Неколку часа откако новата потпретседателка на САД, Камала Харис, положи заклетва, тројца нови сенатори од Демократската партија, Џон Ософ, Рафаел Варнок и Алекс Падила, го сторија истото пред неа.
Односот на демократите и републиканците во Сенатот сега е 50 спрема 50, но во тој случај одлучувачки е гласот на претседателката Камала Харис.
Ософ (33), најмладиот сенатор, некогаш истражувачки новинар, рече дека Америка врти нов лист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Тепачка во парламентот на Ерменија

Денес, меѓу членовите на Националното собрание на Ерменија избувна тепачка, во која учествуваше и член на опозицијата, на кого подоцна му беше одземен имунитетот и се соочува со кривична постапка за повикување на смена на премиерот Никола Пашињан.
Пратеникот Артур Саргсјан го заврши својот говор во парламентот изјавувајќи дека случајот против него е „решен однапред“, а потоа се обиде да ја напушти салата, но беше спречен од други пратеници со помош на обезбедувањето.
Во својот говор, Саргсјан рече дека Ерменија станала „бастион на диктатурата“ каде што „сè е одлучено однапред, запишано и одобрено“.
По говорот на Саргсјан, пратениците гласаа за одземање на неговиот парламентарен имунитет, со што се отвори можноста за кривична постапка против него.
Подоцна тој се предаде на Ерменскиот истражен комитет, кој го обвини него и уште 15 лица за заговор за соборување на Владата.
Регион
(Видео) Силно невреме во Србија: ветерот корнеше дрвја, дел од зградите останаа без покриви

Силна бура го погоди Белград и некои делови од Србија во раните попладневни часови. Пет лица се повредени, а предизвикана е голема материјална штета, пренесуваат тамошните медиуми.
Бурни налети на ветер соборија кран на градилиштето во Нов Белград, превртеа приколка за влечно возило, а осамна и видео од Ледино кај Сурчин, каде што бројни станбени згради останаа без покриви. Луѓето во областа според написите, избегаа без никакви последици, а најмалку две згради останаа без покриви.
Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, објавува Спутник.
МУП издаде и тревога за ризик од силна бура со дожд, грмежи, голем град и силни налети на ветер.
Свет
(Видео) Нов инцидент меѓу Макрон и Брижит: повторно во авион

Францускиот претседател Емануел Макрон имаше нов инцидент кога пристигна во Велика Британија на тридневна државна посета кога неговата сопруга, Брижит Макрон, наводно го игнорирала додека излегувале од авионот, само неколку недели откако снимките од нивната физичка пресметка станаа вирални.
Двојката слета со приватен авион во RAF Northolt, каде што ги пречекаа принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон. Додека се симнуваа по скалите, Макрон ја подаде раката за да ѝ помогне на сопругата, но Брижит ладно го отфрли и наместо тоа се потпре на оградата.
Потоа Макрон ја спушти раката и се сврте кон кралскиот пар, каде што ја бакна раката на принцезата Кејт во гест на наклонетост.
Откако влегоа во автомобилот што ги однесе до Виндзор, сопружниците не изгледаа опуштено – Макрон ги прегледа документите, додека Брижит го извади телефонот од чантата и го погледна екранот, пишуваат светските агенции.
Инцидентот, како што анализираат, се случува откако во мај, за време на нивната официјална посета на Виетнам, камерите на аеродромот во Ханој го снимија моментот во кој Брижит, ја крена раката кон лицето на претседателот Макрон и го турна подалеку. Потоа Макрон погледна кон печатот и им мавна на присутните пред заедно да се симнат по скалите. Потоа, таа одби да ја прифати неговата рака.
Денес, по пристигнувањето во Велика Британија, Макрон повторно се обиде да ја фати Брижит за рака, но таа повторно го одби.
Извор близок до претседателската двојка за француската BFMTV се обиде да го минимизира непријатниот момент, велејќи дека станува збор за „брачна расправија“ и дека тоа бил „момент на релаксација и забава пред официјалниот почеток на посетата“.
И покрај непријатното пристигнување, Макрон и неговата сопруга беа пречекани со сите државни почести. Тие се сретнаа со кралот Чарлс и кралицата Камила на кралскиот подиум во центарот на Виндзор. Потоа, тие се упатија кон замокот во церемонијална кочија заедно со принцот и принцезата од Велс.
Во дворот на замокот ќе се одржи свечен прием.
Вечерва е планиран државен банкет во средновековната сала каде што околу 160 гости ќе седнат на богато украсена маса долга 50 метри. Кралот Чарлс и Емануел Макрон ќе одржат говори по тој повод. Сè уште не е потврдено дали Кејт Мидлтон ќе присуствува на вечерата.