Свет
По 11 години, осум семејства на патници на летот „MH370“ добија отштета
Суд во Пекинг ѝ наложи на „Малезија ерлајнс“ да им исплати отштета на семејствата на осум патници на исчезнатиот лет „MH370“. Секое семејство има право на 2,9 милиона јуани, што е речиси 352.600 евра, пренесува „Скај њуз“.
Летот „MH370“ мистериозно исчезна во 2014 година на пат од Куала Лумпур до Пекинг предизвикувајќи една од најголемите пребарувања во историјата на воздухопловството. Бидејќи авионот и патниците никогаш не се пронајдени, тие се прогласени за законски мртви. Повеќето од патниците беа кинески државјани, а нивните семејства сè уште бараат одговори.
Судот исто така објави дека 23 други случаи се во тек, а во 47 други се постигнати договори и тужбите се отфрлени. Минатата недела малезиската влада објави дека потрагата по авионот ќе продолжи на 30 декември.
Последната комуникација од авионот е снимена 40-ина минути по полетувањето, додека летал над виетнамскиот воздушен простор.
Податоците од радарот покажаа дека авионот нагло свртел налево летајќи над Малајскиот Полуостров. Истражителите веруваат дека се урнал во Индискиот Океан, западно од Австралија. Оттогаш неколку мали парчиња остатоци, кои беа пронајдени, се верува дека припаѓаат на исчезнатиот авион, кој превезувал 227 патници и 12 членови на екипажот.
Сепак, без да ги пронајдат остатоците и црните кутии, истражителите не може со сигурност да утврдат што точно се случило.
фото/депозитфотос
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

