Свет
Прва средба меѓу кинескиот претседател и индискиот премиер по воената пресметка на границата
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска му рече на индискиот премиер Нарендра Моди на првите официјални разговори по пет години дека двете земји треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката и ефикасно да ги надминат разликите.
Двајцата лидери се сретнаа на маргините на самитот на БРИКС во рускиот град Казан, сигнализирајќи дека односите меѓу двата азиски гиганти почнаа да се подобруваат по смртоносниот воен судир во 2020 година.
Средбата се одржа два дена откако Њу Делхи објави дека постигнал договор со Пекинг за решавање на четиригодишниот пограничен спор на Хималаите.
Двете страни треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката, да ги решат нивните конфликти и разлики и меѓусебно да ги разберат нивните развојни цели, ја цитира кинеската државна телевизија CCTV изјавата на Кси.
Односите меѓу двете најнаселени нации во светот, двете нуклеарни сили, се на најниско ниво откако нивните војски се судрија на претежно необележана граница во западните Хималаи, во регионот Ладах. Тогаш беа убиени 20 индиски и четворица кинески војници, а двете земји го зголемија своето воено присуство на таа граница.
Моди и Кси оттогаш немаа билатерални разговори, но учествуваа во истите мултилатерални формати. Последниот официјален разговор го имаа во октомври 2019 година во јужниот индиски град Мамалапурам.
Двајцата зборуваа накратко во ноември 2022 година на маргините на состанокот на Г20 во Бали и на состанокот на БРИКС во Јоханесбург во август минатата година. Еден месец подоцна, Кси го бојкотираше состанокот на Г20 во Њу Делхи.
Нивните дипломатски односи се затоплуваат откако министрите за надворешни работи се состанаа во јули и договорија чекори за смирување на тензиите на границата.
Состанокот е очекува да резултира со потенцијално зголемување на кинеските инвестиции во Индија, пишува Ројтерс.
По престрелките во Ладах, Њу Делхи ги заостри условите за кинеските инвеститори, ги запре директните летови меѓу двете земји и практично го откажа издавањето визи за кинеските граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

