Контакт

Свет

Првите одлуки на Трамп: Помилувани 1.500 напаѓачи на Конгресот, преименуван Мексиканскиот Залив

Објавено пред

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет извршни наредби на крајот од неговата церемонија на полагање заклетва во арената „Капитал уан“ во Вашингтон пред да биде однесен во Белата куќа, каде што ќе продолжи да ги потпишува.

dobivaj vesti na viber

Меѓу другото, тој првично ги повлече САД од Парискиот климатски договор. Соединетите Американски Држави, вториот најголем загадувач во светот по Кина и историски најголем загадувач, го напуштија Парискиот климатски договор за време на првиот мандат на Трамп, но Џо Бајден ги врати во неговиот.

Трамп најпрвин потпиша извршна наредба со која поништи 78 извршни наредби од својот претходник Џо Бајден.

Новоизбраниот претседател вчера ја смени одлуката на администрацијата на Бајден за отстранување на Куба од американската листа на држави спонзори на тероризмот, објави Белата куќа.

Потоа, заедно со повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор, тој исто така го забрани издавањето нови федерални регулативи додека тој и неговата влада не ја преземат целосната контрола врз него, привремено го забрани вработувањето на федералната влада, освен во областа на војската и националната безбедност, и ја укина работата од дома за федералните службеници.

Во салата тој исто така им нареди на сите федерални агенции да се справат со зголемената криза на трошоците за живот, потпиша наредба за враќање на слободата на говорот и забрана на цензура, објави телевизијата Еј-би-си.

Пред речиси 20.000 поддржувачи во салата Трамп ја опиша администрацијата на Бајден како најлоша во историјата и на ентузијастички аплауз објави серија други извршни наредби што ќе ги потпише во Белата куќа.

Трамп вчера потпиша извршни наредби со кои илегалната имиграција на границата меѓу САД и Мексико е прогласена за вонредна состојба означувајќи ги криминалните картели како терористички организации.

Трамп ги укина санкциите наметнати од поранешната администрација на Бајден за екстремно десничарски доселенички групи и поединци од Израел за наводно извршување насилство врз Палестинците на окупираниот Западен Брег.

Новиот американски претседател вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат напорите на поранешниот претседател Џо Бајден да го блокира дупчењето нафта на Арктикот и по должината на големите области на американскиот брег.

Извршните наредби што ги потпиша и ќе ги издаде за време на претседателската кампања не се сите популарни. Според анкетата на „Асошиетед прес“, на пример, само 20 отсто од Американците го поддржуваат повлекувањето од Парискиот климатски договор, вклучително и помалку од 50 отсто од републиканците на Трамп.

Меѓу првите извршни наредби на Трамп беше онаа што на секретарот за внатрешни работи му наредува да го смени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив.

Истата наредба исто така му наложува на секретарот за внатрешни работи да ја преименува планината Денали на Алјаска во планината Мекинли – во чест на 25. американски претседател. Претседателот Барак Обама го смени името од Мекинли во Денали. Тоа е највисокиот планински врв во Северна Америка.

Трамп објави дека дава помилување на речиси 1.500 негови приврзаници, кои беа уапсени во немирите во Капитол во САД во 2021 година. Тој уапсените во немирите постојано ги нарекуваше заложници. Најмалку 600 се обвинети за напад или попречување на федералните службеници.

Трамп исто така ги ублажи казните за членовите на екстремно десничарските групи Oath Keepers и Proud Boys, кои беа осудени за заговор во врска со немирите во Капитол.

Адвокатот на поранешниот водач на Proud Boys, Хенри Тари, кој беше осуден на 22 години затвор за заговор за бунт, рече дека неговиот клиент исто така очекува да биде ослободен.

Трамп издаде извршна наредба со која изјави дека САД ќе признаат само два пола – машки и женски. Овие полови не се променливи и се засноваат на основната и непобитна реалност“.

Наредбата ќе влијае на политиките на трансродовите во врска со владините комуникации, заштитата на граѓанските права и федералното финансирање, како и затворите. Ова ќе влијае на официјалните документи, како пасоши и визи.

Трамп потпиша извршна наредба за почнување на процесот на повлекување на САД од Светската здравствена организација (СЗО).

„СЗО нè украде, сите тие крадат од Соединетите Американски Држави. Тоа нема да се повтори“, рече Трамп при потпишувањето на извршната наредба за повлекување веднаш по неговата инаугурација за втор мандат.

Трамп потпиша директива за формирање оддел за владина ефикасност – ново советодавно тело насочено кон намалување на владините трошоци. Се очекува да биде предводен од Илон Маск.

Трамп рече дека Маск, шефот на „Тесла“ и „Спејс икс“, ќе добие канцеларија за дваесетина вработени за новата агенција.

Трамп исто така потпиша директива со која се одложува имплементацијата на законот за забрана на платформата за социјални медиуми „Тик-ток“ во кинеска сопственост за 75 дена. „Тик-ток“ ги поздрави ветувањата на Трамп дека ќе го стори тоа и ги врати американските услуги откога накратко ги затвори пред неговата инаугурација.

Трамп рече дека неговата наредба ќе ѝ даде на матичната компанија на „Тик-ток“ повеќе време да најде партнер од САД за да купи мнозински удел, но деталите за директивата што тој ја потпиша не беа јасни.

Свет

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Објавено пред

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.

dobivaj vesti na viber

Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.

Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.

Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.

Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара

Објавено пред

На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.

dobivaj vesti na viber

Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.

На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.

Засега не е познато дали детето е повредено.

Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

Прикажи повеќе...

Свет

Им го украл автомобилот, па добиле казна оти крадецот возел без појас

Објавено пред

Брачниот пар Лејла и Хамид од Голд Кост, Австралија, прво станале жртви на кражба во нивниот дом, а потоа добиле и казна од околу 3.750 евра. Казната ја добиле затоа што крадецот кој им го украл автомобилот, Lexus SUV, не бил врзан со безбедносен појас.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува 9 Now Australia’s Today, маскирана група крадци влегла ноќе во нивниот дом додека брачниот пар спиел. Хамид се разбудил од бучавата, успеал да ги истера крадците и да повика полиција. Тврди дека полицијата не дошла, а крадците наскоро се вратиле и овој пат го украле нивниот Lexus SUV.

Хамид вели дека полицијата ја повикал и вторпат, но ни тогаш никој не дошол на адресата. Три недели по инцидентот, тврди тој, полицијата сè уште не го посетила нивниот дом. Наместо помош, парот добил – казна. Сообраќајна камера го снимила крадецот зад воланот на нивниот SUV без безбедносен појас, а паричната казна автоматски им била издадена на сопствениците на возилото. Ако не го платат износот до 3 март, им се закануваат дополнителни трошоци.

Хамид се прашува како е можно системот да го сними прекршокот и да ги казни сопствениците, но не и да ја идентификува лицето кое управувало со украдениот автомобил.

Според податоците на Австралискиот завод за статистика (ABS), во Австралија се краде еден автомобил на секои 11 минути. Во периодот 2023/2024 се украдени повеќе од 60.000 возила, околу 17.000 повеќе од претходната година. Барањата за отштета по кражби речиси се удвоиле од 2015 година и во 2024 достигнале 428 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет2 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет4 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет4 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет5 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет6 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет6 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет6 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија23 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија1 ден

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија1 ден

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија1 ден

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет2 дена

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...