Свет
Над 87.000 антитерористички операции изведени во Турција
Турски вооружени сили неутрализирале т.н. 100 терористи старешини во 2018 година, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Годинава изведовме 87.838 операции против ПКК. Неутрализиравме 1.289 терористи во операциите“, вели министерот Сулејман Сојлу.
Сојлу додава дека во последните две години земјата го зголемила бројот на антитерористички операции во руралните средини, и тоа 173 отсто.
Групата ПКК, која е прогласена за терористичка организација од Турција, ЕУ и од САД, веќе 30 години води терористичка кампања против Турција и е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 лица вклучувајќи жени и деца.
Покрај ова, Сојлу објасни дека против терористичката група ФЕТО се изведени над 62.000 операции по неуспешниот пуч во 2016 година.
„Како резултат на овие операции, 217.971 лице се приведени, 16.884 лица се осудени, а 14.750 лица се во притвор“, вели министерот.
Во истиот период отпуштени се над 43.500 поранешни вработени во Министерството за внатрешни работи.
ФЕТО на чело со својот лидер Фетулах Ѓулен стои зад неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година во кој загинаа 251 лице, а најмалку 2.200 беа повредени.
Анкара тврди дека ФЕТО исто така стои зад долгогодишната кампања што се инфилтрира во турските институции, особено во војската, полицијата и судот, со цел да го урниса државниот врв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

