Свет
Премиерката на Нов Зеланд повторно го одушеви светот со својот гест
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која го воодушеви светот со своите реакции по терористичкиот напад што се случи минатиот месец во оваа земја кога загинаа 50 лица, повторно предизвика позитивни критики со новиот гест.
Овој пат го привлече вниманието со својата хуманост и спонтаност така што за време на пазарувањето во супермаркет ѝ ја плати сметката за намирници на жената која го заборавила паричникот, а со неа биле две деца кои нервозно плачеле чекајќи конечно да излезат од супермаркетот.
Хелена Барнс, пријателка на жената на која премиерката ѝ ги плати намирниците, ја објави оваа приказна на „Твитер“.
Премиерката на Нов Зеланд ја потврди оваа приказна кога беше гостинка во една емисија, велејќи дека тоа го направила бидејќи жената со децата што плачат е сепак – мајка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден: Не одам никаде, ќе го победам Трамп
Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави во интервју дека ќе остане кандидат на Демократската партија на претседателските избори на 5 ноември, додавајќи дека е убеден дека тоа сè уште го сакаат гласачите.
„Не одам никаде“, изјави Бајден.
Тој ги повика сите што сакаат да излезе да го предизвикаат на конвенцијата на демократите во август.
Интервјуто е уште еден обид на Бајден да се опорави од лошиот настап во дебатата на 27 јуни против републиканецот Доналд Трамп, по што неговите ментални способности беа доведени во прашање. Бајден изрази фрустрација од, како што ги нарече, напорите на „елитите“ да го истуркаат од претседателската трка против Трамп, кого го победи во 2020 година.
Кога ко-водителот на емисијата ги наведе главните медиумски организации и експерти кои го повикаа да се повлече, Бајден рече: „Не ми е гајле што мислат тие големи имиња“. „Поентата е дека не одам никаде. Не одам никаде. Не би се кандидирал ако апсолутно не верував дека сум најдобриот кандидат што може да го победи Доналд Трамп во 2024 година“, истакна тој. .
Сè поголем број демократски членови на Конгресот изразуваат загриженост дека ниската јавна поддршка на Бајден и неизвесноста во однос на неговата возраст може да и наштетат на партијата. Потпретседателката Камала Харис се смета за најверојатниот наследник доколку Бајден се повлече.
Анкетата на Ројтерс/Ипсос минатата недела покажа дека секој трет демократски гласач верува дека Бајден треба да се откаже од трката, а 59 отсто од испитаниците од партијата на претседателот рекле дека е премногу стар за да ја води земјата.
Во писмото до демократите, Бајден рече дека е свесен за нивната загриженост, но дека сега е време да се стави крај на тоа прашање.
„Прашањето како да се оди напред кружи веќе една недела. Време е да заврши. Имаме една работа. Тоа е да го победиме Доналд Трамп“, им напиша Бајден на сопартијците.
Свет
ИДФ издаде нова наредба за жителите на Газа: Евакуирајте се
Израелската армија издаде нова наредба за евакуација на Палестинците кои живеат во Појасот Газа.
Наредбата се однесува на жителите на населбите Сабра, Тел ал Хава, Римал и Дарај, пренесе „Ал Џезира“.
На жителите им беше наредено да се упатат кон хуманитарната зона лоцирана во Ал Малави, област на јужниот крај на Појасот Газа, која претходно беше нападната од израелската армија.
Последната наредба за евакуација доаѓа откако израелските вооружени сили ги засилуваат нападите врз Газа.
Утринава израелската армија почна нови напади во јужните и западните делови на градот Газа, додека продолжи да врши притисок врз источниот кварт Шуџаеи.
Свет
Бројот на загинати во рускиот напад се искачи на 31 лице
Бројот на загинати во денешните руски напади се искачи на 31, а повеќе од 150 лица се повредени, соопштија украинските власти.
Последните извештаи говорат дека 17 лица се убиени во главниот град Киев, од кои две во детска болница, а уште 11 на неколку места во регионот Дњепропетровск.
Руското Министерство за одбрана денеска ги отфрли наводите на Киев за намерен напад на руските сили врз цивилни цели нагласувајќи дека групниот напад врз воени цели во Украина е одговор на обидот на Киев да ги оштети руските енергетски и економски капацитети.