Контакт

Свет

Претседателите на Франција и САД разговараа за убиството на новинарот Кашоги

Објавено пред

Претседателите на Франција и САД, Емануел Maкрон и Доналд Трамп, минатата ноќ разговарале за убиството на саудискиот новинар Џемал Кашоги, кој беше убиен во конзулатот на неговата земја во Истанбул, соопшти Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

Портпаролката на претседател на САД, Доналд Трамп, Сара Сандерс, објави дека двајцата шефови разговарале телефонски во пресрет на доаѓањето на американскиот претседател во Франција во чест на стогодишнината од примирјето во 1918 година и дека, меѓу другото, во телефонскиот разговор тие зборувале и за околностите за трагичната смрт на новинарот од Саудиска Арабија, Џемал Кашоги, изјави Сандерс.

Кога покажа попустливост кон Саудиска Арабија во врска со аферата, Трамп го смени тонот во саботата велејќи дека тоа очигледно било измама и лага. Франција, пак, во неделата, заедно со Германија и Велика Британија, повика на итна потреба да се расветли убиството. Ријад во саботата призна дека Кашоги бил убиен во саудискиот конзулат во Истанбул и тоа, како што посочија според нивната истрага, се случило во тепачка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Маск: Американскиот систем за социјално осигурување е најголемата пирамидална шема на сите времиња

Објавено пред

Елон Маск го нарече американскиот систем за социјално осигурување најголемата пирамидална шема на сите времиња за време на неодамнешното интервју со подкастерот Џо Роган.

dobivaj vesti na viber

Маск истовремено спроведува масовни отпуштања во федералната администрација и блокира плаќања во неколку државни агенции.

„Луѓето плаќаат во системот за социјално осигурување и тие пари излегуваат од системот веднаш, но обврските кон корисниците траат во текот на нивното пензионирање“, рече Маск.

„Ако ги погледнете идните обврски на системот за социјално осигурување, тие далеку ги надминуваат даночните приходи“, продолжи Маск.

Патем, пирамидалната шема е финансиска шема во која учесниците заработуваат пари првенствено со регрутирање нови членови, наместо со продажба на производи или услуги. Оваа структура е неодржлива бидејќи бара постојан прилив на нови учесници, што на крајот доведува до колапс и загуби за повеќето учесници, освен за оние на врвот на пирамидата.

Многу социјални системи ширум светот функционираат така што сегашните работници ги финансираат пензиите на сегашните пензионери, вклучувајќи го и американскиот систем за социјално осигурување.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: САД нема да ги толерираат изјавите на Зеленски уште долго

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека Вашингтон „нема да толерира уште долго“ изјави на украинскиот претседател Володимир Зеленски за „далечниот“ крај на војната со Русија.

dobivaj vesti na viber

На својот профил на социјалните мрежи Truth, Трамп сподели приказна на АП во која Зеленски изјави дека завршувањето на војната со Русија е „многу, многу далеку“ и го нарече „најлошата изјава што Зеленски можел да ја даде“.

„Тоа е она што го кажав, овој човек не сака мир се додека ја има поддршката на Америка, а Европа јасно стави до знаење на средбата со Зеленски дека тие не можат да направат ништо без САД. Веројатно не е толку одлична изјава за да покаже сила против Русија. За што ли размислува?“, напиша Трамп.

Зеленски минатата недела ги посети САД. Во Белата куќа се одржа состанок кој требаше да биде посветен на ставање крај на војната во Украина, но тој брзо прерасна во отворен вербален конфликт меѓу Зеленски и Трамп и неговиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Почетокот на средбата меѓу Трамп и Зеленски изгледаше срдечен, а Трамп изјави дека му е чест да биде домаќин на украинскиот претседател. Но, атмосферата брзо се промени кога Зеленски го доведе во прашање тврдењето на потпретседателот Џеј Ди Венс дека патот до мирот лежи во дипломатијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Фицо: Не поддржувам војна, ниту воена и финансиска поддршка за Украина

Објавено пред

„Одбивам да ја поддржам војната во Украина и затоа не се согласувам со воена или финансиска поддршка за таа земја“, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.

dobivaj vesti na viber

„Ако Европската унија одлучи да продолжи да обезбедува огромна финансиска и воена поддршка за Украина, тоа може да го направи само на билатерална основа“, рече Фицо.

Тој додаде дека Словачка не верува во стратегијата за постигнување мир со воена сила.

Таа стратегија, како што рече, се покажала неуспешна во последните три години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Средба Муцунски-Сијарто: Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Македонија

Во рамките на Втората меѓувладина седница со Унгарија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Будимпешта...

Македонија2 часа

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13. Боки 13 во...

Македонија5 часа

Онака сложно како што ги зачуваа патните трошоци, пратениците да изгласаат дополнително покачување на минималната плата од 6.000 денари, побара Трендафилов

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), денес, до Владата, до Собранието и до работодавците достави предлог во кој бара дополнително...

Топ5 часа

Вработените во Филхармонијата до Мицкоски и Љутков: За директор треба да се избере најквалификуваниот, а не партиски договорениот кандидат

Пред неколку дена, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во изјава за еден медиум рече дека одлуката кој ќе...

Свет6 часа

Трамп: „Зеленски нема да има друга опција, освен да се предаде“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата социјална мрежа Truth Social сподели објава во која тврди дека украинскиот претседател Володимир...

Македонија7 часа

Платите да се исплаќаат до петти место до петнаесетти во месецот, предлага Левицата

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица и портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ, обзнани дека пратениците од Левица поднеле предлог во...

Македонија8 часа

За електронски индекс ќе треба една и пол година, месецов почнува дигитализацијата на студентските сервиси на УКИМ, вели ректорката Ангелова

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) месецов почнува со дигитална трансформација. Ректорката Билјана Ангелова најави дека првин ќе се дигитализираат...

Македонија9 часа

ДУИ подготвува бојкот на локалните избори за да го избегне поразот, велат од „Влен“

За да го избегне поразот ДУИ планира да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето, веалт...

Македонија10 часа

Возел под дејство на алкохол, со голема брзина и тешко повредил пешак: истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост, кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или...

Европа12 часа

Лавров: Зеленски се претвори во чист нацист и предавник на Евреите

Украинскиот лидер Володимир Зеленски по доаѓањето на власт се претвори во „чист нацист“ и предавник на Евреите, изјави рускиот министер...

Европа12 часа

(Видео) Зеленски: Подготвен сум да заминам во замена за членство во НАТО

Володомир Зеленски рече дека ќе биде подготвен да замине во замена за членството на Украина во НАТО, навестувајќи дека ќе...

Европа12 часа

Макрон: Предлагаме едномесечен прекин на огнот во Украина

Франција и Велика Британија предлагаат едномесечен прекин на огнот во Украина „во воздух, во море и во енергетската инфраструктура“, изјави...

Свет13 часа

(Видео) Почина Австралиецот чија крв спаси повеќе од два милиона бебиња

Џејмс Харисон починал во сон во дом за стари лица во Нов Јужен Велс, Австралија, на 17 февруари, соопшти неговото...

Свет1 ден

Макрон предупреди дека откажувањето на САД од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека откажувањето на Соединетите американски држави од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници,...

Свет1 ден

Во тек е клучниот состанок во Лондон, момент кој се случува еднаш во генерација

Стотици луѓе се собраа пред канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер и собирот за поддршка на Украина го почнаа со...

Топ1 ден

Полицаец пријавил дека му го украле службениот пиштол со рамка и 13 куршуми

Вчера во осум часот во ОВР – Крушево, М.Х., на возраст од 38 години од овој град, вработен како полициски...

Свет1 ден

Ватикан соопшти дека папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имал мирна ноќ

Папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан. „Ноќта беше мирна, папата се уште...

Топ1 ден

Пијан возач удри и тешко повреди 25-годишна битолчанка во Скопје, полицијата го приведе

Во СВР Скопје синоќа било пријавено дека на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со...

Регион1 ден

Саша Поповиќ пред да почине се лекувал во Париз, случајно открил дека е болен кога скршил нога

Саша Поповиќ почина вчера на 70-годишна возраст по тешко боледување. Нецела година Поповиќ се борел со тешката болест, неговото лекување...

Регион2 дена

Почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“

По кратко и тешко боледување денес почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, еден од највлијателните луѓе...