Свет
Претседателот на германската популистичка АФД во болница по обидот за атентат
Пратеникот на германската популистичка партија Алтернатива за Германија (АФД), Франк Магниц, бил брутално нападнат, а многумина го оценуваат нападот како обид за убиство, пренесува „Брејтбарт“.
Магниц, кој е пратеник во германскиот парламент и претседател на бременскиот огранок на АФД, бил нападнат од неколку непознати лица откако излегол од театарот на „Гетеплац“, се вели во постот на Фејбук на „АфД Бремен“. Во постот се вели дека Магниц бил удрен со некаков тап предмет и дека немало да преживее ако не интервенирале минувачите.
Магниц бил хоспитализиран веднаш по нападот, а полицијата го истражува случајот како чин на политички мотивирано насилство.
„Не само левицата, туку и социјалдемократите и зелените ја поддржуваат Антифа и нејзините напади. Зарем тоа го сакаат другите политички сили? Така ли ја разбирате демократијата? АФД повторно е во фокусот на левичарските напади кои не само што не наидуваат на осуда туку се дури и поддржани од другите партии. Денес е црн ден за демократија во Германија”, се вели во постот.
Бруталниот напад доаѓа помалку од една недела откако канцеларијата на АФД во градот Дебелн беше бомбардирана, а од канцеларијата на државната полиција (ЛКА) нападот беше карактеризиран како политички мотивиран.
Од АФД велат дека ги следат нападите врз нивните членови и нивните домови и објави статистика која покажува дека бројот на напади се зголемил од само четири во 2014 година на повеќе од 600 во 2017 година.
Насилството од левичарски екстремисти на Антифа стана поекстремно и поизразено во Германија во последните неколку години, а членовите на организацијата објавувале и прирачници за насилство со кои ги поттикнуваат нападите врз АФД.
Извештајот објавен од германската домашна разузнавачка агенција БФВ во јуни минатата година го потврди зголемувањето на екстремното насилство, покажувајќи дека бројот на насилни кривични дела се зголемил за 88 отсто во периодот од 2012 до 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

