Свет
Претседателот на Киргистан против промена на статусот на рускиот јазик

Претседателот на Киргистан, Садир Јапаров, се противи на идејата за промена на статусот на рускиот јазик, рече тој во својот напис „Сојузничките односи“, објавен во владиниот весник „Слово Киргистана“.
„Рускиот јазик не е само официјален, туку е и јазик на меѓуетничката комуникација во земјата. Тој е добро заштитен на законодавно ниво и неговиот статус е потврден во нашиот Устав. Како претседател и гарант за човековите и граѓанските права, јас сум против какви било обиди за политички манипулации со ова прашање “, рече Јапаров.
Во Киргистан рускиот јазик има официјален статус, а киргистанскиот е државен јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Непочитувањето нема да се толерира, ќе удриме посилно од кога било

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека учесниците на протестот во Лос Анџелес „имаат тенденција да плукаат во лице“ на членовите на Националната гарда кои беа испратени во тој град за да ги смират немирите и дека одговорот на членовите на гардата на ова ќе биде да ги „удрат“.
„Ако плукаат, ние ќе удриме. Оние кои учествуваат во немирите имаат тенденција да плукаат во лицата на Националната гарда и на другите. На овие патриоти им се вели да го прифатат тоа, така функционира животот. Но, не во администрацијата на Трамп. Ако плукаат, ние ќе удриме и ви ветувам дека ќе бидат погодени посилно од кога било досега. Таквото непочитување нема да се толерира“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа.
Трамп го обвини гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, дека ги инспирирал „катастрофалните немири“ во Лос Анџелес, поради кои беше испратена Националната гарда на Калифорнија во тој град.
Немирите во некои делови од Лос Анџелес избувнаа како одговор на активностите на Министерството за миграција на САД (ICE), кое изврши рации во бизниси во потрага по нелегални работници, т.е. мигранти.
Свет
ОН повика на деескалација на протестите во Лос Анџелес

Обединетите нации ги повикаа сите вклучени во немирите во Лос Анџелес да ја деескалираат ситуацијата откако демонстрантите се судрија со службениците за имиграција поради притворањето на нелегални мигранти.
„Не сакаме понатамошна милитаризација на ова“, изјави портпаролот на ОН, Фархан Хак, во Њујорк, како одговор на германската агенција ДПА.
„И ги охрабруваме страните на локално, државно и федерално ниво да работат на тоа да се случи ова. Се надеваме дека сите страни на терен ќе ја деескалираат ситуацијата“, додаде Хак.
Претседателот Доналд Трамп им нареди на припадниците на Калифорниската Национална гарда да влезат во Лос Анџелес за време на викендот и покрај противењето на гувернерот Гевин Њусом. Им беше наредено да дејствуваат против демонстрантите кои протестираа против рациите на федералните агенти за имиграција насочени кон нелегалните мигранти.
Трамп верува дека ситуацијата во градот на западниот брег на земјата, каде што луѓето масовно протестираат од петокот поради постапките на агентите на Службата за имиграција и царина (ICE), излезе од контрола.
Градската полиција одговори со солзавец и гумени куршуми додека демонстрантите палеа автомобили и фрлаа молотови коктели. Уапсени се неколку десетици луѓе.
Трамп не ја исклучи можноста за распоредување дополнителни трупи, а денес се закани дека неговиот шеф на граничната патрола, Том Хоман, ќе го уапси Њусом за попречување на напорите за спроведување на имиграциските закони.
„Овие луѓе треба да пораснат“, изјави Њусом за NBC News.
„Таквото брборење е заморно. Затоа, Том, уапси ме. Ајде да одиме“, вели тој.
Свет
(Видео) Исчезнати лица, поплавени улици и населби: силно невреме во Букурешт

Силно невреме го погоди Букурешт.
Поројните дождови предизвикаа хаос, десетици улици беа поплавени, дрвја паднаа врз автомобили, а сообраќајот беше блокиран во неколку населби. Поплавен е и трговски центар, а клиентите беа евакуирани, вклучително и оние што беа во киното.
Today, Bucharest transformed into a Venetian scene after the heavy rains pic.twitter.com/wGIeJ3eDgq
— Brave Romania (@brave_romania) June 9, 2025
Неколку летови не можеа да слетаат на главниот аеродром и беа пренасочени, според локални медиуми.
This evening: Berceni, Bucharest, Romania https://t.co/u26lVF0Yeg pic.twitter.com/WO0B4eUmJj
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) June 9, 2025
Во близина на Букурешт, две лица беа однесени од пороите во чамец што претходно се превртел.
По едно лице сè уште трае потрагата.
Градскиот транспортен оператор STB издаде предупредување кратко по почетокот на бурата, наведувајќи повеќекратни блокади на трамвајски линии. За неколку минути, неколку линии беа целосно прекинати или пренасочени, а патниците мораа долго да чекаат на станиците, во поројниот дожд.
Неколку автобуски линии беа целосно блокирани од вода, а дрво што падна на електричната мрежа запре одредени линии.
Слична беше ситуацијата и со трамваите, кои не можеа да сообраќаат поради паднати дрвја и гранки.
Неколку населби во Букурешт беа парализирани поради огромната количина вода. И центарот и периферијата ги почувствуваа последиците од невремето. Водата навлезе во подрумите на бројни станбени згради, а беа уништени и дворовите на приватните куќи. Има и извештаи дека водата навлегла во домовите, што бара итна интервенција на пожарникарите.