Свет
Претседателот на Украина се вакцинира со вакцината на „Астразенека“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска се вакцинира против коронавирусот за време на посетата на фронтот во источниот дел на Донбас, со надеж дека ќе ги увери скептиците дека вакцината е безбедна и ефикасна.
Заостанувајќи зад Европа, Украина само што започна со вакацинација на населението откако минатиот месец ја доби првата пратка од 500.000 вакцини на „Астразенека“, давајќи им приоритет на здравствените работници од првата линија во борбата со вирусот и војската.
Сепак, владата се соочува со борба против скептицизмот во врска со вакцината. Податоците покажуваат дека 47 проценти од населението не сака да се вакцинира.
„Ја примив вакцината против Ковид-19. Се вакцинирав на фронтот со војниците како врховен командант”, напиша Зеленски на „Твитер“ и објави фотографија на која се гледа како ја прима вакцината.
Тој рече дека станува збор за вакцината „Оксфорд/Астразенека“ произведена во Индија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена родена во 1922 година не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022
Необична ситуација и се случила на 101-годишна жена поради системот за резервации на авиокомпанија којa упорно ја меша со бебиња.
Имено, Патриша е родена во 1922 година, но системот „Американ ерлајнс“ не ја признава таа година како датум на раѓање, туку била принудена да изјави дека е родена во 2022 година, за да може да резервира билет, пренесува „Би-Би-Си“.
– Беше смешно што мислеа дека сум само мало дете, но всушност сум старица. „Ќерка ми резервира билет преку Интернет, а компјутерот на аеродромот мислеше дека мојот датум на раѓање е 2022 година, а не 1922 година“, рече Патриша, поранешна медицинска сестра, која патувала со својата ќерка Крис, по последната мешаница на летот помеѓу Чикаго и Мичиген.
– Истото се случи минатата година и тие чекаа дете, а не јас. Конфузијата настанала и покрај тоа што бил резервиран како билет за возрасни, а не за дете – изјавила таа.
Патриша рече дека летала секоја година за да го посети семејството, но имало конфузија откако наполнила 100 години, и покрај фактот што патувала сама до 97-та година, кога и била потребна помош од членовите на семејството поради проблеми со видот.
Таа се надеваше дека авиокомпанијата наскоро ќе може да ја пресмета нејзината вистинска возраст.
– Би сакала да го поправат компјутерот бидејќи мојата кутра ќерка мораше да го носи целиот наш багаж и облека речиси еден километар од едната до другата порта – додаде таа.
„Би-Би-Си“ изјави дека авиокомпанијата сè уште не одговорила на наводите.
Повикувајќи се на претходна мешаница, Патриша и нејзината ќерка мораа да чекаат во авионот додека другите се симнаа, бидејќи не и беше договорена инвалидска количка.
И покрај тоа, се вели дека со нетрпение го очекува својот следен лет наесен, кога ќе наполни 102 години.
Свет
Макрон: Француското нуклеарно оружје е можна тема во дебатата за одбранбениот систем на ЕУ
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека француското нуклеарно оружје треба да биде една од темите на дебатата за европскиот одбранбен систем.
Оваа изјава на Макрон, како што јави Ројтерс, предизвика критики од неговите политички противници пред јунските избори за Европскиот парламент.
Во разговор со уредниците на неколку француски регионални медиумски куќи, Макрон, објаснувајќи ја својата визија за „поодлучна ЕУ на глобалната сцена“, го изрази својот страв дека „Европа може да умре“.
Свет
(Видео) Хорор во трговски центар: наеднаш се урна подот, „проголта“ половина продавница, пропадна и жена
Драматична снимка ја прикажува несреќата во источна Кина, каде што се урна подот на трговски центар.
Надлежните соопштуваат дека се повредени две лица, а причинета е значителна штета.
Инцидентот се случил минатиот месец, а на видеото гледаме жена како ја гледа робата – пред да и се отвори бездната под нозете!
Shocking footage shows the moment a woman is swallowed up as the floor of a shopping center in the Chinese city of Zhenjiang suddenly collapses.
A construction worker, who was on the floor below at the time of the collapse, and the woman were both trapped but subsequently… pic.twitter.com/2O6diLPcIT
— Morbid Knowledge (@Morbidful) March 30, 2024
Огромна дупка ја „проголтала“ несреќната жена заедно со половина од продавницата, а се известува дека во урнатините останал заробен мајстор – кој работел долу.
„Жената се здобила со скршеници, а работникот си ја повредил ногата. Активно се занимаваме со овој случај и ја пружаме потребната помош“, изјави претставник на трговскиот центар.
Се шпекулира дека уривањето на подот е предизвикано од оштетен носечки ѕид, но истрагата се уште не е завршена.
Властите се обидуваат да утврдат дали има големи безбедносни пропусти во трговскиот центар, пренесува NDTV.