Свет
Претседателските избори во Алжир на 12 декември

Претседателските избори во Алжир ќе се одржат на 12 декември. Привремениот претседател на земјата Абделкадер Бенсалах беше избран за привремен претседател на почетокот на април кога Абделазиз Бутефлика поднесе оставка како резултат на масовни протести против неговото 20-годишно владеење.
Во првото обраќање кон нацијата Бенсалах вети дека ќе организира слободни избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Авион кружел во воздухот, а потоа се вратил на местото на полетување во САД

Авион на американска авиокомпанија на лет од Портланд до Лас Вегас бил принуден да се врати на меѓународниот аеродром во Портланд бидејќи по полетувањето биле забележани чад и необични мириси во пилотската и патничката кабина, соопштија локалните власти.
Авионот полетал во 9 часот и 10 минути и бил во воздух околу 40 минути додека не се пренасочил назад кон аеродромот во Портланд за евакуација, покажуваат официјалните документи за овој лет, кои ги објави локалната телевизија „Коин канал 6“.
„Авионот слета безбедно и немаше пожар или друга непосредна закана за безбедноста. Во тек се медицински контроли на екипажот и патниците“, се наведува во официјалното соопштение на аеродромот во Портланд.
Потврдено е дека нема повредени и дека се проверува авионот, пренесуваат светските медиуми.
Регион
Маж се разнесе со бомба пред продавница во Хрватска

Денес, нешто пред 18 часот, маж се разнел со бомба пред локална продавница во Дарда.
Порталот „СиБ“ пишува дека на случката сведочеле минувачите и вработените во продавницата. Во близина немало деца кои го посетуваат училиштето, кое е оддалечено помалку од еден километар од местото на настанот.
Жител на Дарда за „СиБ“ изјавил дека станува збор за маж кој заедно со друго лице често поминувал време пред продавницата.
„И двајцата постојано седеа пред продавница и пиеја. Тие се во тешка социјална ситуација, очигледно се психички нестабилни и би рекла дека тоа е негрижа за овие луѓе“, вели жителка на ова место и додава дека наставниците ги чувале децата во училиштето.
Според СиБ, работничките во продавницата не се повредени.
Во тек е полициска истрага.
Свет
Британски милијардер: Трамп има неколку часа да ја исправи огромната грешка со царините

Ричард Бренсон, британскиот милијардер и сопственик на авиокомпанијата „Вирџин Атлантик“, остро ја критикуваше американската влада за ненадејното воведување нови царини, истакнувајќи дека пазарната реакција на тој потег била „и предвидлива и можела да се спречи“.
Во низа објави на социјалната мрежа Икс тој предупреди на сериозните последици за американската и светската економија.
„Дури и да се согласувате со основната идеја на овие царини, требаше да се направи се за да им се овозможи на американските компании да имаат доволно време да се приспособат“, напиша Бренсон.
Тој вели дека пазарите реагирале панично, а последиците се веќе видливи.
„Финансиските пазари ширум светот сега се во слободен пад, со катастрофални последици за обичните Американци и остатокот од светот. Пензионерските заштеди на Американците масовно ќе исчезнат“, рече Бренсон.
Како што доларот слабее, додава тој, се очекува зголемување на цените за американските потрошувачи. Во исто време, многу мали и средни компании веќе банкротираат или се на тој пат.
„Ова не е победничка стратегија на долг рок. Владата на САД сè уште може да ги промени работите, но мора да дејствува во следните неколку часа“, нагласи Бренсон.