Свет
Претседателски избори во Словачка: Се бира меѓу Пелегрини и Чапутова

Словаците денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори кои би можеле да ја зајакнат власта на премиерот Роберт Фицо, кој сака поголема контрола врз јавните медиуми, помеки антикорупциски закони и посилно изразено несогласување за поддршката од ЕУ за Украина.
Избирачките места се отворени во 7 часот по локално време (06:00 часот по Гринич) и ќе бидат затворени во 22 часот. Доколку никој не добие мнозинство во овој круг, на 6 април ќе има втор круг меѓу двајцата кандидати со највисоки резултати.
Сојузникот на Фицо, Петер Пелегрини (48) води во трката за местото на 50-годишната претседателка Зузана Чапутова, која е жесток противник на Фицо, иако не се кандидираше за нов мандат.
Фицо се врати на власт на изборите во септември минатата година, откако ги придоби гласачите со ветувања дека ќе ја прекине воената помош за Украина, ќе продолжи да им помага на луѓето погодени од високите цените и ќе стави крај на хаотичното владеење на претходната влада предводена од опозицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Венс: Робинсон можеби имал повеќе од еден соучесник во убиството на Чарли Кирк

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ. Д. Венс, изјави дека постои можност Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, да дејствувал со поддршка на неколку соучесници.
Во интервју за „Фокс њуз“, Венс нагласи дека надлежните органи мора целосно да ги расветлат сите околности на злосторството.
„Не исклучувам дека голем број луѓе му помогнале на овој човек да го изврши пукањето“, рече тој.
Според него, радикализацијата на Робинсон се случила под влијание на „левичарската“ идеологија, иако дваесет и двегодишникот пораснал во нормално и просперитетно семејство.
Венс, според написите, исто така, употреби остар јазик во разговорот, директно обвинувајќи ја политичката левица за смртта на Чарли Кирк, еден од блиските сојузници на претседателот Доналд Трамп.
Истражните власти во Јута веќе поднесоа обвинение против Робинсон, а наводите на потпретседателот го поставуваат прашањето дали кругот на осомничени ќе се прошири за да вклучи и потенцијални соучесници.
Фото:
Свет
Трамп соопшти : Антифа ќе биде прогласена за терористичка организација

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека ќе ја прогласи организацијата составена главно од левичарски активисти, Антифа, за „голема терористичка организација“ и повика на истрага против луѓето кои наводно ја финансираат.
„Со задоволство ги информирам нашите бројни американски патриоти дека ја означувам Антифа, за болна, опасна, радикална левичарска катастрофа, како голема терористичка организација“, напиша Трамп во објава на Truth Social, објави CBS News.
Тој додаде дека „исто така, силно ќе препорача оние кои ја финансираат Антифа да бидат темелно истражени во согласност со највисоките законски стандарди и практики“.
Трамп даде слична најава дека Антифа ќе биде прогласена за терористичка група за време на неговиот прв мандат во 2020 година, кога земјата беше зафатена од насилни протести, но потоа тој не ја спроведе заканата, анализираат
Во текот на изминатата недела, Трамп и неговите сојузници се побунија против „радикалното левичарско политичко насилство“ по убиството на конзервативниот активист и интелектуалец Чарли Кирк.
Фото: принтскрин
Свет
Кина: Нема независност за Тајван

Вооружените сили на Кина никогаш нема да дозволат сепаратистичките сили во Тајван да успеат во нивната потрага по независност, изјави министерот за одбрана Донг Џун, објави „Синхуа“.
Според неговите зборови, Народноослободителната армија на Кина претставува непобедлива и моќна сила која отсекогаш била гарант за зачувување на територијалниот интегритет и обединување на земјата.
Во соопштението се наведува дека Кина ќе ги употреби сите средства за да спречи каков било развој на настаните што би довело до отцепување на Тајван.
Во исто време, Пекинг испрати барање до Вашингтон да го ограничи своето воено присуство во спорните води на Јужното Кинеско Море. Барањето дојде откако американскиот разорувач со водени ракети „УСС Хигинс“ беше забележан во близина на Скарборо Риџ, на територијата што ја бара Кина.
Фото: принтскрин