Свет
Принцот Вилијам се сретна со Бајден

Принцот Вилијам го поздрави американскиот претседател Џозеф Бајден на брегот во Бостон како дел од повеќедневната посета на членовите на британското кралско семејство на САД.
Патувањето во САД за да се истакнат напорите за справување со глобалните еколошки предизвици што започна во средата е прво патување на Вилијам и неговата сопруга Кејт во странство како принц и принцеза од Велс по смртта на кралицата Елизабета во септември, објави „Ројтерс“.
Вилијам и Бајден направија кратка прошетка пред закажаната средба во библиотеката Џон Ф. Кенеди. Двајцата се очекува да разговараат, меѓу другото, за заедничките климатски цели и да се даде приоритет на проблемите со менталното здравје, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер за новинарите пред средбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Очекуваме позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела

Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во своето ноќно обраќање, Зеленски рече дека има „позитивен напредок“ во соработката со Вашингтон и дека очекува резултати следната недела – вклучително и идна средба меѓу двете страни.
Зеленски вчера призна дека жали за расправијата со Доналд Трамп и Џеј-Ди Венс во Овалната соба и нагласи дека сака да продолжи со поддршката на САД кон мирен крај на конфликтот.
Свет
Украина: Договоривме средба со Американците во блиска иднина

Договорена е нова средба помеѓу САД и Украина.
„Американско-украинската средба ќе се одржи во блиска иднина“, потврди главниот помошник на Володимир Зеленски.
Андриј Јермак, кој ја предводи канцеларијата на претседателот, рече дека штотуку разговарал со американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц.
„Разговаравме за следните чекори кон праведен и траен мир“, се вели во изјавата на Јермак.
„Разменивме мислења и за безбедносни прашања и усогласување на позициите во рамките на билатералните односи меѓу Украина и САД. Закажавме средба на нашите тимови во блиска иднина за да продолжиме со оваа важна работа“, додаде тој.
Свет
Американски функционер: Авион со помош полета за Украина, а потоа стигна наредбата на Трамп

Соединетите Држави ја прекинаа воената помош за Украина само неколку дена откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба.
Наредбата за прекин на воената помош беше издадена во понеделникот вечерта, по американско време. Претставник на американската одбрана за „Ен-би-си њуз“ изјави дека во моментот кога била издадена наредбата, Американците префрлале опрема во регионот.
Тој објасни дека авионите на пат кон Украина морале да се свртат по пристигнувањето на наредбата.
Белата куќа објави дека воената помош се прекинува бидејќи Соединетите Држави сакаат да бидат сигурни дека оваа помош придонесува за решавање на конфликтот.
„Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Ни треба нашите партнери да бидат посветени и на таа цел. Ја паузираме и ја разгледуваме нашата помош за да се осигураме дека таа придонесува за решение“, беше објавено тогаш.
„Блумберг“ објави дека е прекината испораката на целата американска воена опрема која моментално не е во Украина, вклучително и оружје во транзит со авиони и бродови или чекање во транзитните зони во Полска.