Свет
Проектил од руски воени сили го соборил малезискиот авион во 2014
Холандските обвинители кои го истражуваат уривањето на Малезискиот авион во источна Украина во 2014 кажаа дека проектилот со кој е погоден авионот е испален од Руски воен уред.
Авионот на 17 Јули 2014 беше соборен со проектил од Руско потекло при што загинаа 298 луѓе од кои две третини беа од Холандија.
Лидерот на одредот од Холандската национална полиција која што го испитуваше инциденот соопшти дека проектилот припаѓал на Руската 53та Против-Воздушна Бригада.
“Сите возила во конвојот што го испали проектилот беа дел од Руските воени сили.” тој кажа за време на конференцијата.
Русија во 2014та негираше каква и да било инволвираност во инцидентот, но по објавувањето на резултати од истражувњето Москва нема ништо искоментирано.
Обвинителите кажаа дека листата на осомничени од стотици сега е намалена на десетина, додавајќи дека имаат многу докази кои допрва треба да се испитуваат,
Во Септември 2016та година Холандски обвинители објавија дека се идентификувани 100 личности кои би можеле да се одговорни за уривањето, неколку месеци подоцна Австралија и Малезија побараа листата на осомничени да биде објавена јавно.
Осомничените се очекува да бидат судени во отсуство бидејќи Русија го искористи правото на вето за да го блокира интернационалниот трибунал на О.Н. што имаше задача да го надгледува спроведувањето на обвинениа што произлегуваат од истрагата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ванс: Русите и Украинците да патуваат и да соработуваат, не да се убиваат
Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс изјави дека смета оти Русија и Украина треба да тргуваат и да се вклучат во културни размени наместо да војуваат. Во разговор за „Бреитбарт њуз“, Ванс рече дека администрацијата на Доналд Трамп ја користи економската моќ за да поттикне завршување на конфликтите ширум светот.
Тој наведе дека Трамп работи на повеќе мировни договори и дека, според него, заслужува Нобелова награда за мир. Ванс го опиша Трамп како тврд, но ненасилен и истакна дека неговиот пристап кон рускиот и украинскиот конфликт се темели на идејата за соработка наместо насилство.
Коментарите уследија по извештаите на американски медиуми за нов мировен план што наводно го одобрил претседателот Трамп.
Свет
Санкциите на САД кон „Лукоил“ и „Роснефт“ стапуваат во сила
Санкциите што ги воведоа САД врз руските нафтени гиганти Лукоил и Роснефт, објавени од Министерството за финансии во октомври, стапуваат во сила денеска.
САД ги ставија Лукоил и Роснефт, како и десетици нивни подружници, на списокот на специјално назначени лица на ОФАЦ (Канцеларија за контрола на странски средства).
Според Вашингтон, санкциите имаат за цел да го зголемат притисокот врз Кремљ поради недостатокот на сериозна посветеност на Русија кон мировниот процес во Украина.
Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека администрацијата е подготвена да преземе дополнителни чекори доколку е потребно.
Бигарските медиуми потсетуваат дека парламентот во таа земја донесе закон со кој се дозволува назначување на специјален менаџер во рафинеријата Лукоил во Бургас, со цел да се обезбеди континуитет на работата по 21 ноември. САД одобрија ослободување од одговорност за бугарските компании поврзани со Лукоил, кое важи до 29 април 2026 година, и овозможува нормално работење на рафинеријата во Бургас.
Свет
Нов напад на доселениците на Западниот Брег: уништени и запалени 150 автомобили
Израелските доселеници вчера подметнаа пожар на депонија за автомобили во окупираниот град Хувара на Западниот Брег, уништувајќи десетици автомобили. Нападот се случи откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху свика состанок за безбедност за да разговара за зголемувањето на насилството меѓу доселениците, објави Си-ен-ен.
Според сведоци и официјалната палестинска новинска агенција WAFA, доселениците упаднале во депонија за автомобили во Хувара, град во северниот дел на Западниот Брег. Мохамед Далал, сопственикот на депонијата, рече дека повеќе од десетина доселеници влегле во имотот, кршејќи возила пред да ги запалат. Иако никој не бил на местото во времето на нападот, Далал процени дека околу 150 автомобили биле уништени или оштетени.
„Имам деца на колеџ, имам внуци, имам семејство; сите зависиме од оваа депонија“, изјави Далал за Си-Ен-Ен. „Како и многу Палестинци, имам маслинки, но не можев да ги наберам моите маслинки и затоа ова е нашиот единствен извор на приход. Сè што можам да направам е да му се молам на Бога да нè обештети.“
Израелската армија потврди дека нејзините војници биле испратени во Хувара по извештаите за „израелски цивили кои фрлале камења кон палестински возила, палеле пожари и оштетувале имот“. Тие признаа дека автомобилите биле запалени во близина на населбата Јицар, позната по својата екстремистичка идеологија. Во соопштението за медиумите се наведува дека никој не е повреден во инцидентот, а војниците кои ја пребарале областа не пронашле осомничени.
Во исто време, состанокот на Нетанјаху за насилството на доселениците, кое се зголеми во последните недели, го потврдија двајца израелски претставници. Засега не е познато дали се донесени конкретни одлуки за тоа како да се спречи ескалацијата на нападите. Нетанјаху го осуди насилството во понеделник, велејќи дека го спроведува „мала, екстремистичка група“.
фото: принтскрин

