Свет
Пронајдени уште две жртви од пожарот во Калифорнија

Уште две тела се пронајдени во област изгорена од шумски пожар што беснее веќе петти ден во северна Калифорнија во близина на границата со Орегон, со што бројот на жртвите од најголемиот шумски пожар во државата оваа година се искачи на четири, соопштија официјални лица.
Последните две жртви се пронајдени во посебни домови покрај автопатот што минува низ пожарна зона во националната шума Кламат на околу 500 километри северно од Сан Франциско, се вели во соопштението на Канцеларијата на шерифот на округот Сискију.
Посмртните останки на уште две лица, кои очигледно се обиделе да избегаат од пожарот во последен момент, биле откриени во неделата во изгорен автомобил покрај истиот автопат, соопштија претставници на шерифот.
Властите соопштија дека нема да бидат објавени дополнителни информации за ниту една од жртвите додека не се изврши идентификација и додека не се известат најблиските.
Откако избувна во петокот, пожарот уништи повеќе од 56.000 хектари шума, висока трева и четка, соопштија во вторник пожарникарите.
Околу 4.500 луѓе добија наредба да се евакуираат во вторникот, изјави портпаролката на шерифот Кортни Крајдер, истакнувајќи дека околу 100 објекти се зафатени во пламен.
Речиси 5.000 станбени згради низ округот се загрозени од пламените јазици, пренесуваат светските агенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин го нападна Киев само неколку часа по средбата на Трамп и Макрон: тревога низ целата земја, Полска ги подигна авионите

Само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин прави се за да ја прекине војната во Украина, неговите сили го нападнаа Киев.
Русија ја гаѓаше украинската престолнина од воздух, повредувајќи една 44-годишна жена и оштетувајќи неколку куќи, според украинските власти.
Overnight, Putin’s forces attacked Ukraine with drones and cruise missiles, forcing Poland to launch its combat aircraft.
In Sumy, two Russian drones struck a busy residential area, injuring civilians. Kyiv Region was also hit. pic.twitter.com/nRCsUUEz1f
— KyivPost (@KyivPost) February 25, 2025
Целосниот опсег на нападот не беше веднаш јасен, но соседната членка на НАТО, Полска, ги подигна авионите за да обезбеди безбедност на воздухот.
Полски воени авиони рано утринава го прелетаа воздушниот простор на земјата за да ја зголеми безбедноста, откако Русија изврши воздушни напади врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.
„Преземените чекори се насочени кон обезбедување сигурност во регионите кои граничат со загрозените области“, соопшти Командата, пренесе Ројтерс.
Вонредна состојба претходно беше прогласена на целата територија на Украина.
Свет
ЕУ понуди на Украинците сопствен договор за минералните суровини, различен од оној на Трамп

Европската унија вчера и понуди сопствен договор за „критичните материјали“ на Украина, токму кога американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека Вашингтон е блиску до склучување договор со Киев за правата на неговите огромни природни ресурси, објави американски „Политико“.
Европскиот комесар за индустриска стратегија Стефан Сежурне рече дека ривалскиот предлог им го доставил на украинските официјални претставници со кои се сретнал во Киев за време на посетата на Европската комисија за одбележување на третата годишнина од целосната инвазија на Русија.
„Дваесет и еден од 30-те критични материјали што и се потребни на Европа може да бидат обезбедени од Украина во партнерство со победа-победа“, рече Сежурне, пренесе АФП.
Тој нагласи : „Додатната вредност што ја нуди Европа е дека ние никогаш нема да бараме договор што не е заемно корисен“.
Трамп направи сè поагресивни чекори кон Украина за правата на нејзините минерални богатства, барајќи дури 500 милијарди долари како компензација за поддршката на Вашингтон за Киев во одбраната на инвазијата на Москва.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски досега одби да потпише два нацрт-договори предложени од администрацијата на Трамп, велејќи дека условите, за кои „Њујорк Тајмс“ објави дека вклучуваат Киев да се откаже од приходите од минерали, нафта и гас, плус заработка од пристаништата и друга инфраструктура во износ од 500 милијарди долари, се премногу сурови.
„Нема да потпишам нешто што ќе треба да го враќаат 10 генерации Украинци“, рече Зеленски на прес-конференција во неделата.
Но, Трамп вчера инсистираше на тоа дека „конечниот договор“ е „многу блиску“ и дека ќе вклучува „ретки земји и разни други работи“.
Украина има огромни наоѓалишта на критични елементи и минерали, од литиум до титаниум, кои се од витално значење за производство на модерни технологии и многу посакувани во глобалната трка по ресурси. Исто така, има огромни резерви на јаглен, како и нафта, гас и ураниум, но голем дел од тоа е на територии под руска контрола.
Свет
(Видео) Во Колумбија фатен шверцер на кокаин, ја криел дрогата под перика

40-годишен колумбиски државјанин пред пет дена бил фатен во обид да прошверцува дрога скриена под перика додека се качувал на лет од Картагена за Амстердам.
Периката содржела 19 капсули кокаин, а пратката се проценува дека вреди повеќе од 10.000 евра, соопштија властите.
¡‘Narcopeluca’ en Cartagena!
Detalles: https://t.co/h47nOGiUY4 pic.twitter.com/2CbJHZPnG6
— Policía de Colombia (@PoliciaColombia) February 24, 2025
Осомничениот е приведен и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело трговија, производство и држење наркотици.
„Задаваме силни удари на криминалните структури кои, покрај трговијата со дрога, се и генератори на разни насилни акти и други видови злосторства кои го уништуваат мирот и соживотот на заедницата“, изјави командантот на полицијата во Картагена, Гелвер Јецид Пења Араке.