Свет
Пукање во училиште во Тексас: Најмалку осуммина мртви, напаѓачот тврди дека во дворот поставил бомби
Во средно училиште во Санта Фе, Тексас, денес дошло до пукање од огнено оружје. Локалните медиуми известуваат дека има и мртви. Според првичните информации, најмалку осум ученици биле убиени. Властите порврдија и дека најмалку 12 лица завршиле болница, а меѓу повредените е и еден полицаец.
#breaking Heartbreaking. Look at the police presence at Santa Fe High School right now. I count AT LEAST 75 squad cars. Active shooter incident right now – no confirmation on shooter or victims yet.
Video from KTRK pic.twitter.com/UlIRv2Vvd8— Eric Shackelford (@ABC7Shack) May 18, 2018
Како што е соопштува Си-ен-ен, напаѓачот е уапсен. Во врска со неговиот идентитет, американските медиуми објавија дека станува збор за 17-годишен ученик кој го посетувал училиштето каде што отворил оган. Според најновите информации, кон своите соученици пукал со автоматска пушка. Освен напаѓачот, во врска со пукањето било уапсено уште едно лице. Просторот околу училиштето е опколен од најмалку 75 полициски возила, а три хеликоптери го надлетуваат теренот. Напаѓачот во полиција рекол дека околу училиштето поставил повеќе експлозивни направи.
#BREAKING UPDATE: At least 8 students are dead, and more are injured, in Texas school shooting, according to @KHOU: https://t.co/f2mez0egYa pic.twitter.com/5f5WrJghFr
— KVUE News (@KVUE) May 18, 2018
Неколку сведоци ја опишале ситуацијата на местото на настанот. Учениците слушале истрели и почнале панично да бегаат. Наводно, најпрво слушнале како се активирал училишниот аларм, по што започнало пукањето. Според првите информации, напаѓачот влегол на час по ликовно образование и почнал да пука со пушка.
School shooting in Texas. Early reports not looking good. God bless all!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 18, 2018
Во врска со нападот, американскиот претседател, Доналд Трамп, на Твитер напиша: „Првите извештаи не изгледаат добро, Бог нека ги благослови“.
Последниот сличен вооружен инцидент во американско училиште повторно ја разгоре национална дебата за контролата и правото да се носи оружје. Во него, седумнаесет ученици и вработени беа убиени на 14 февруари во Паркленд, Флорида.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.

