Свет
Пукање во хотел во Масачусетс, едно лице повредено
Полицијата и единицата за брза интервенција во Масачусетс одговориле на инцидент со активно пукање во хотелот „Натик“, пренесува „Спутник“.
Објектот бил евакуиран, а околу 75 гости и вработени се засолнили во кафетеријата на локалниот трговски центар.
Според официјалните лица, првично се верувало дека осомничениот напаѓач е во зградата на хотелот „Краун плаза“, но кога ја пребарале зградата, се покажало дека осомничениот избегал од местото на настанот.
Властите објавија дека најмалку едно лице е повредено иако не е јасно дали повредата е поврзана со пукањето. Полицијата во моментот бара повеќе осомничени лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Удрил жена со лакт во лице, фатил девојка за глава и ja удрил во банкомат: напаѓал жени во центарот на Загреб
Полициски службеници во Загреб спроведоа кривична истрага против 34-годишен маж поради сомнение за сторени кривични дела тешка телесна повреда, оштетување туѓ имот и насилничко однесување врз жени на возраст од 20, 30 и 65 години.
34-годишниот осомничен во средата, на 5 февруари, околу 18 часот и 45 минути на подрачјето на Медвешчак, се сомничи дека извршил кривично дело тешка телесна повреда на тој начин што физички нападнал случајни минувачи додека се движел по улица, мавтајќи со рацете и удирајќи во нив. А со намера тешко да ја повреди, се доближил до жена и со лактот ја удрил во лицето и тешко ја повредил при што паднала на земја, јавуваат тамошните медиуми.
Од ударот тој во таа прилика и ги оштетил очилата на жртвата и со тоа сторил кривично дело оштетување туѓ имот, јавува загрепската полиција.
Потоа тој продолжил и сторил исто кривично дело со насилничко однесување на начи што одејќи
по улицата се доближил до 30-годишна жена која стоела пред банка и без повод ја фатил за главата и ја ударил во банкоматот по што таа успеала да се извлече но тој повторно се обидел физички да ја нападне но жената успеала да побегне со тоа што влегла во продажен објект и побарала помош.
Напаѓачот потоа, пред трамвајска станица во близина на објект за давање услуги за сместување се упатил кон 20-годишна жена и без причина ја удрил со телото, односно физички ја нападнал, при што повредената жена паднала на земја и се здобила со полесни повреди.
Осомничениот на местото на настанот бил задржан од двајца граѓани до пристигнувањето на полициските службеници кои го привеле.
Свет
Хамнеи: Искуството покажа дека преговарањето со Америка не е ниту мудро ниту чесно
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека „искуството“ покажало дека преговарањето со Соединетите Американски Држави „не е паметно, мудро или чесно“.
Хамнеи ја коментираше изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во средата рече дека би сакал да постигне нуклеарен договор со Техеран, пренесе Ројтерс.
За време на неговиот прв мандат во 2018 година, Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година и повторно воведе санкции што ја погодија иранската економија.
По овие мерки, Техеран почна да ги крши ограничувањата поврзани со нуклеарната програма од договорот, според медиумот.
Сепак, висок ирански функционер за Ројтерс изјавил дека Иран е подготвен да им даде шанса на САД да ги решат разликите, пренесува Танјуг.
Регион
Три силни земјотреси на Санторини за време од седум минути; Луѓето во паника го напуштаат островот
Три силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, утрово за само седум минути го погодија Санторини.
Првиот земјотрес беше во 08:09 часот, со јачина од 4,2 степени. Две минути подоцна следеше уште еден од 4,3, а во 08:16 часот беше најсилниот земјотрес од 5 степени според Рихтеровата скала. По само неколку минути, земјата повторно се затресе.
„Навистина се чувствуваше“, „Се тресеше“, „Го почувствувавме дури и во Калитеа“, објавија луѓето на ЕМСЦ.
Најсилниот земјотрес бил на длабочина од 14 километри, а епицентарот бил на 21 километар североисточно од селото Оја. Во истото подрачје со денови се регистрирани стотици земјотреси со над 3 степени според Рихтеровата скала.
Во последните денови повеќе од 10.000 луѓе и туристи во паника го напуштија островот, а вчера властите прогласија вонредна состојба поради силните земјотреси.