Свет
Путин вети дека ќе се вакцинира

Ефикасноста на руската вакцина Спутник V против коронавирусот достигнува 97 проценти, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин, и вети дека ќе се вакцинира самиот.
– Русија е првата земја во светот што измисли и започна со производство на вакцина. И ние имаме добра вакцина, безбедна и ефикасна – 95 и повеќе отсто, а експертите велат дека нивото на нејзина заштита достигнува 96-97 проценти, рече Путин на годишната прес-конференција.
Тој изјави дека е убеден дека масовната вакцинација е неопходна бидејќи тоа е единственото нешто што создава имунитет на стадо, пренесува ТАСС.
Путин рече дека не е вакциниран, бидејќи вакцината сè уште не е одобрена за граѓани на негова возраст, но тој дефинитивно ќе го стори штом тоа стане можно.
Тој оцени дека рускиот здравствен систем се покажа како поефикасен во борбата против вирусот отколку другите земји.
– Ниту еден систем во светот не беше подготвен за тоа. Едноставно не постои таков систем – рече Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фон дер Лајен: Русија ја тестира ЕУ и сака да сее поделба и страв во нашите општества

Европа е во најтешката ситуација од Втората светска војна, изјави денес данската премиерка Мете Фредриксен, домаќинка на неформалниот самит на Европската унија.
„Кога ја гледам Европа денес, мислам дека поминуваме низ најтешката и најопасната ситуација од крајот на Втората светска војна“, изјави Фредриксен пред почетокот на состанокот во Копенхаген.
Таа додаде дека против Европа се води хибридна војна. „Постои само една земја подготвена да ни се закани, а тоа е Русија, па затоа ни е потребен силен одговор“, додаде таа.
Главните теми на самитот се безбедноста и одбраната, вклучувајќи ја одбраната од беспилотни летала, помошта за Украина и миграцијата.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Русија ја тестира ЕУ и сака да „сее поделба и страв во нашите општества“. „Ние нема да го дозволиме тоа“, нагласи таа.
Францускиот претседател Емануел Макрон не зборува за војна, туку за конфликт со Русија. „Во конфликт сме со Русија, која е агресивна во информатичката област веќе неколку години, вклучително и за време на изборите, и која ги засилува кибер нападите“, рече Макрон.
Во однос на зајакнувањето на одбранбените капацитети, ЕУ има четири приоритети: вселенска одбрана, зајакнување на источниот крило, ракетна одбрана и заштита од беспилотни летала.
Ова ќе биде тема и на редовниот самит на 23 октомври во Брисел, а пред тоа се очекува Европската комисија да предложи распоред за спроведување на приоритетите.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Во Њујорк се урна дел од облакодер, се сомнева на експлозија поради гас

Во њујоршката населба Бронкс утрово делумно се урна облакодер, а првичните информации укажуваат на експлозија на гас како можен причинител, јавуваат локалните медиуми.
Инцидентот се случил нешто по 8 часот наутро во станбениот комплекс „Мичел хаусес“,. Станува збор за 20-катница во која, според противпожарната служба, се урнало окното за согорување отпад што се протега по целата висина на зградата.
🚨🇺🇸BREAKING: GAS EXPLOSION TRIGGERS BUILDING COLLAPSE IN NYC
Authorities confirm a partial collapse at 205 Alexander Ave in Mott Haven in the Bronx after a reported gas explosion.
Firefighters are clearing debris and searching the building with K-9 units, drones, and… pic.twitter.com/HnMpkX4m4j
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 1, 2025
На терен веднаш излегле бројни противпожарни екипи. Снимки од воздух прикажуваат десетици пожарникари кои ја проценуваат ситуацијата, додека на зградата јасно се гледа дека окното се одвоило од остатокот на конструкцијата.
Според првичните информации, се верува дека уривањето било предизвикано од експлозија на гас во самото окно за отпад. За среќа, од противпожарната служба соопштија дека засега нема пријави за повредени лица.
Истражувањето за точната причина на инцидентот е во тек, а властите се на терен за да ја обезбедат областа и да ги утврдат сите околности на настанот.
Свет
Хорор во Италија: Родители од Бангладеш ја тепале и дрогирале ќерка им за да ја натераат на договорен брак

Брачна двојка од Бангладеш, со живеалиште во Римини, Италија, е уапсена под сомнение дека ја тепале и дрогирале својата 18-годишна ќерка за да ја присилат да прифати договорен брак во Бангладеш, соопшти италијанската полиција.
Според истрагата, девојката била заклучувана дома, тепана и дрогирана, а при патувањето во Дака роднините ѝ одзеле документи и ја принудиле да зема лекови. Таму ѝ бил организиран состанок со маж постар од неа 10 години.
Таа успеала да контактира советувалиште за здравје на жени и преку нив и карабинерите, кои ја презеле на аеродромот во Болоња и ја сместиле на безбедна локација.
Родителите, на возраст од 55 и 42 години, се ставени во куќен притвор и се товарат за семејно насилство, присила и наведување на брак.