Свет
Путин: Имам добри вести за вас, немеме агресивни намери
Рускиот претседател, Владимир Путин изјави во обраќање пред новинарите, по завршувањето на дводневниот самит Г20 во јапонскиот град Осака, дека Русија нема агресивни намери кон никого.
„ТАСС“ пренесе дека Путин така ја искоментирал оценката на британската премиерка, Тереза Меј, дека обвновувањето на врската на Велика Британија со Русија е невозможна се додека Москва не ја прекине агресивната политика.
„Имам добри вести за вас. Никогаш сме немале намера да извршиме агресивни дела против било кој“, изјави Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Веднаш да му подигнеме споменик на Трамп ако ја сопре војната во Украина
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Светскиот економски форум во Давос го даде своето мислење за решавање на украинскиот конфликт што го најави новиот американски претседател Доналд Трамп.
„Чекаме да видиме што ќе направи Трамп, утре да зборуваме тука од Давос. Шолц и Макрон се состануваат денеска, ги подготвуваат своите одговори, има многу проблеми и многу непознати во равенката. Доколку Трамп постигне прекин на огнот во Украина, сите треба му подигнеме споменик, ќе ја спаси цела планета. Господ нека ни е на помош“, рече српскиот претседател од Давос.
Вучиќ во Давос изјави и дека Србија е на европскиот пат, но дека треба во голема мера да се сврти и кон Азија, бидејќи од таму најмногу ќе се инвестира во наредниот период.
„Ние сме на европскиот пат и важно е нашата земја да ги забрза реформите, владеењето на правото и други работи, но сите бараат излез од економската ситуација што е можно повеќе во Азија и Африка, особено во Азија, па и ние мора да се свртиме на таа страна“, нагласи Вучиќ.
Свет
Гутереш го повика Иран да се откаже од развојот на нуклеарно оружје
Иран мора да го направи првиот чекор кон подобрување на односите со земјите од регионот и со Соединетите Американски Држави, со тоа што јасно ќе стави до знаење дека нема цел да развие нуклеарно оружје, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека се надева оти Иран ќе се ангажира конструктивно со другите земји во регионот.
Во врска со Појасот Газа, Гутереш рече дека се надева оти конфликтните страни ќе разберат дека ќе имаат корист од траен прекин на огнот, што може да го отвори патот за преговори за решение со две држави.
Гутереш ги повика израелските безбедносни сили да покажат максимална воздржаност на окупираниот Западен Брег, каде што почнаа голема воена операција во Џенин.
Свет
(Видео) Две лица загинаа во напад во парк во Германија
Во баварскиот град Ашафенбург две лица загинаа, а некои се тешко повредени во напад во паркот „Шонтал„. Според првичните информации, околу 11.45 часот неколку лица биле нападнати со остар предмет.
Полицијата извести дека се повредени тројца возрасни и едно дете, пренесе „Билд“. Набргу потоа стигна потврда дека две лица загинале, а меѓу жртвите, пишува Билд“, има и дете.
Според полицијата, едно лице е уапсено, а нема други осомничени. Засега не е позната заднината на нападот, соопшти полицијата, но не се работи за терористички напад.
❗️🔪🇩🇪 – Two Arrested in Aschaffenburg: Knife Attack in Park! Two Dead, Several Seriously Injured
In Aschaffenburg, Bavaria, a violent incident in Schöntal Park resulted in two fatalities and several severe injuries. Initial reports indicate that multiple people were attacked… pic.twitter.com/m6f9qhxw1a
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) January 22, 2025
Сообраќајот на возовите на јужната станица бил запрен бидејќи осомничениот наводно се обидел да избега преку шините.
Паркот „Шонтал“, кој се простира на девет хектари, е широко ограден. Портпаролот на полицијата изјави дека нема опасност за јавноста. Зачестените патроли на полицајци во паркот би можеле да бидат причината поради која осомничениот беше толку бргу приведен. Ашафенбург се наоѓа во административната област Долна Франконија во Баварија, во близина на државната граница со Хесен.