Свет
Путин и Бајден ќе разговараат за прашања поврзани со стратешката стабилност
Американскиот претседател, Џо Бајден, и рускиот претседател, Владимир Путин, се согласиле да одржат дијалог за прашања поврзани со стратешката стабилност, како што се контролата на оружјето и безбедносните проблеми, изјави амбасадорот Роберт А. Вуд, постојан претставник на САД во Конференцијата за разоружување, пренесува „Спутник“.
„Претседателот Бајден и претседателот Путин се согласија да дискутираат за широк спектар проблеми, како контрола на оружјето и безбедносните прашања. Ние сме во процес на подготовка за овие дискусии“, рече Вуд на тематската пленарна дебата на Конференцијата за разоружување.
Американскиот претседател во понеделникот рече дека нема да ги промени плановите за средба со рускиот претседател Владимир Путин. Бајден минатата недела рече дека е закажана средба меѓу него и Путин во јуни.
Белата куќа неодамна објави дека Бајден го поканил Путин да се сретнат во една европска земја. Претходно во мај, Бајден рече дека се надева дека ќе се сретне со Путин во јуни. Кремљ извести дека се разгледува можниот датум за состанокот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Куба
Силен земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Куба, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил во Карипското Море, на длабочина од 15 километри, на околу 82 километра од Гвантанамо и 45 километри од Баракоа.
Според досегашните информации, засега нема пријави за штети или повредени.
Свет
Канцеларијата на Далај Лама: Никогаш не сe сретнале со Џефри Епстин
Од канцеларијата на 14-тиот Далај Лама (Тенцин Ѓацо) денес соопштија дека духовниот водач никогаш не се сретнал со Џефри Епстин. Реакцијата следи откако кинески државни медиуми објавија дека неговото име се појавува во т.н. „Досиеја на Епстин“.
Американското министерство за правда објави милиони документи, а според прегледот на агенцијата АФП, името на Далај Лама се споменува 154 пати, но не постојат никакви докази или спомнување на лична средба со Епштајн.
CGTN, кинески државен медиум, објави дека во е-пошта од 2012 година се споменува присуство на Далај Лама на настан на еден од островите поврзани со Епстин, но од неговиот кабинет остро го демантираат тоа.
„Можеме недвосмислено да потврдиме дека Неговата светост никогаш не го запознал Џефри Епстин и никогаш не овластил никого да комуницира со него во негово име“, се наведува во соопштението.
Инаку, Далај Лама живее во егзил во северна Индија уште од 1959 година кога побегнал од Тибет по насилно задушеното востание од кинеските власти. Има милиони следбеници ширум светот.
Свет
Орбан: Украина е непријател додека бара ЕУ да ни ја укине руската енергија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја обвини Украина дека ѝ наштетува на неговата земја во Брисел и ја нарече „непријател“
„Украинците мора да престанат постојано да бараат од Брисел да го прекине дотурот на евтина руска енергија за Унгарија“, изјави Орбан на говор во градот Самботел, западно од земјата.
„Сѐ додека Украина го прави тоа, таа е наш непријател“, додаде тој.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

