Свет
Путин и Ердоган разговараа за ситуацијата во Сирија

Рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган разговараа телефонски за имплементација на договорот за Сирија, откако 33 турски војници загинаа во воздушните напади во Идлиб, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Лавров рече дека Путин и Ердоган разговарале за спроведување на договорот за Идлиб, пренесува „Ројтерс“.
Тој исто така кажа дека Русија и Турција се подготвени да ја продолжат соработката кога станува збор за Сирија.
Русија побарала од Сирија да престане со операциите во Идлиб со цел да се евакуираат повредените лица.
Лавров додаде и дека Москва не може да ја спречи сириската армија да реагира на терористичките активности во Идлиб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.
Свет
Осомничениот за убиството на Кирк задржан во притвор без можност за кауција

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк во Јута, е приведен без кауција.
Судските документи исто така наведуваат дека Робинсон нема прекршочни или кривични пресуди.
Робинсон беше приведен по неколку првични обвиненија, кои вклучуваат тешко убиство, пукање со огнено оружје и попречување на правдата. Официјални обвиненија сè уште не се покренати против него.
Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, е сместен во окружниот затвор во Спаниш Форк во американската држава Јута.
Властите имаат три дена да поднесат документи како подготовка за прелиминарно судско рочиште, каде што Робинсон треба да се појави за прв пат пред судија, што се очекува на почетокот на следната недела.
Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.