Свет
Путин: Неприфатливо отстранување на спомениците на советските војници
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека за Русија е неприфатливо во некои земји да се отстрануваат спомениците на советските војници.
„Со болка во срцето гледаме како во некои советски земји се отстрануваат спомениците на советските војници, кои ги дадоа своите животи за слободата на својот народ“, рече тој, пренесува „Спутник“.
Путин преку видеопорака им се обрати на учесниците на свеченото отворање на реновираниот меморијален комплекс „Саур-Могила“ во Донецк.
„За Русија, сето ова е незамисливо. Ние сме телото на телото на нашите предци. А обновувањето на споменикот на бранителите на Донбас, херојството на нашите војници, офицери и бунтовници е предупредување за сите оние што се откажаа од своите предци и ги заборавија лекциите од историјата“, се вели во изјавата на рускиот претседател, пренесува „Танјуг“.
Тој нагласи дека Русите се сеќаваат на своите роднини, оние на фронтот и нивните другари, а во нивна чест Русија ги зачувува и обновува меморијалните комплекси и никогаш не може да ги разбере или прифати уништувањето и уривањето на она што го претставува сеќавањето на херојството на предците, нивната храброст, нивните страдања и жртвите.
„Денот на победата овде се славеше како семејство, беше задолжително да се дојде на 8 септември, годишнината од ослободувањето на Донбас од нацистите. Но, во 2014 година згасна мирниот и мирен живот на тој крај. ‘Саур-Могила’ стана место за борби, а споменикот практично е уништен“, се наведува во соопштението.
Путин им се заблагодари на сите што учествуваа во реставрацијата на комплексот истакнувајќи дека идејата се родила пред неколку години, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

