Свет
Путин: Пјонгјанг силно ја поддржува Русија во т.н. специјалната операција во Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/putin.jpg)
Пјонгјанг останува солидарен со Москва за голем број прашања, вклучително и специјалната воена операција во Украина, што укажува на заедничката решеност на двете земји да се спротивстават на колективната политика на Западот, рече рускиот претседател Владимир Путин во честитката до севернокорејската лидерот Ким Џонг-ун и учесниците на свечената средба посветена на 70-годишнината од победата во Корејската војна.
Путин нагласи дека силната поддршка на Северна Кореја за Русија за клучните меѓународни прашања „дополнително ја нагласува решителноста во спротивставувањето на политиката на колективниот Запад“, пренесува ТАСС.
Во телеграмата објавена на веб-страницата на Кремљ се наведува дека ваквата западна политика „го спречува воспоставувањето вистински мултиполарен, праведен светски поредок, заснован на приоритетот на меѓународното право, неделивата безбедност, почитувањето на суверенитетот и националните интереси на државите“.
Путин на својот севернокорејски колега му посака добро здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Израел: Наскоро ќе ги постигнеме целите на офанзивата во Рафах
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/f3a9d984-9628-484f-bebd-f451ecc6e1a2.jpg)
Израелската армија тврди дека наскоро ќе ги постигне целите на својата офанзива во Рафах во јужниот дел на Појасот Газа. Половина од борбените единици на милитантната палестинска организација, која владееше со Газа пред почетокот на војната во октомври, се уништени, соопшти израелската армија.
Помеѓу 60 и 70 отсто од областа на градот во јужниот дел на Појасот Газа е под „оперативна контрола“ на израелската армија, соопшти во понеделникот армијата. Ќе бидат потребни само неколку недели пред да заврши воената операција во градот, се додава.
На почетокот на мај израелската армија започна операција во Рафах, на границата со Египет. Тие изјавија дека целта им е да ги уништат последните борбени единици на Хамас. Офанзивата беше меѓународно контроверзна бидејќи во тоа време повеќе од еден милион Палестинци се засолнија во Рафах.
Повеќето од нив побегнаа таму за да избегаат од војната од другите делови на Појасот Газа. Речиси сите овие луѓе сега побегнаа од градот во областа на запад, каде што им е тешко да дојдат до храна. Според непотврдени воени извештаи во понеделникот, израелската армија убила околу 550 борци на Хамас за 40 дена борби во Рафах, додека изгубила 22 свои војници.
За време на операцијата, тие пронашле широко распространет систем на тунели, како и големо количество оружје и експлозиви. Најмалку 25 подземни тунели наводно ја минуваат границата со Египет. Преземајќи ја контролата врз таканаречениот коридор Филаделфија, тесен појас на земја во Газа долж границата со Египет, Израел во голема мера ја зголеми контролата врз она што влегува и излегува од Газа.
Иако Египет негира, во Газа било јавна тајна дека преку тунелите се шверцувале дневни намирници, како и луксузна стока, за што Хамас наплатувал царина.
Свет
Шефот на агенцијата на ОН: Борбите во Газа и Рафа продолжуваат и покрај израелските најави
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/izraelska-vojska.jpg)
Борбите во градот Рафа и во јужниот дел на Газа продолжуваат и покрај вчерашната најава на израелската армија за тактички паузи во операциите за да се дозволи влез на хуманитарна помош, изјави денеска во Осло шефот на Агенцијата на Обединетите нации за помош на Палестинците (УНРВА).
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера ги критикуваше плановите на армијата да воведува дневни прекини на огнот долж еден од главните патишта до палестинската енклава.
Филипе Лазарини, шеф на УНРВА, сепак, рече дека немало пауза. „Имаше информации дека е донесена таква одлука, но политичкото ниво вели дека таква одлука не е донесена“, рече Лазарини на прес-конференцијата.
„Затоа, засега можам да ви кажам дека борбите во Рафа и на југот на Газа продолжуваат и дека оперативно ништо досега не е променето“, додаде тој.
Израелската војска во понеделникот објави дека нејзините сили ги продолжуваат операциите во областа Рафа, кои вклучуваат тесна борба со милитантите и заплена и уништување оружје.
За викендов, армијата најави дневни паузи од 7 до 18 часот во областа од преминот Керем Шалом на југот на Израел до патот Салах ал-Дин, а потоа и понатаму кон северот. Подоцна појасни дека нормалните операции ќе продолжат во Рафа, главниот фокус на неговите операции во јужниот дел на Газа.
Свет
(Видео) Авион на „Боинг“ почна да гори, му откажа моторот, мораше итно да слета
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Screenshot-2024-06-17-143908.jpg)
Патнички авион безбедно слета на аеродром во Нов Зеланд откако избувна пожар и откажа еден од моторите, соопшти националната противпожарна служба, пренесува Асошиејтед прес.
Боингот 737-800 на Virgin Australia летал за Мелбурн, Австралија, но на крајот слетал во новозеландскиот град Инверкаргил. Инцидентот можеби е резултат на „удар од птица“, изјави Стјуарт Агс, главен оперативен директор на авиокомпанијата.
Последиците од ударите на птиците варираат по сериозност во зависност од големината на птиците, реакцијата на пилотот и кој дел од авионот бил погоден. Пламенот во авионот бил забележан веднаш по полетувањето од аеродромот во Квинстаун.
A burning plane makes an emergency landing in New Zealand.
People in Queenstown saw flames sparking from the engine of a Boeing 737 as loud explosions were heard after a bird strike incident. pic.twitter.com/jZhpx7M7Kc
— Vexwift (@vexwift) June 17, 2024
Нема дополнителни информации за тоа што се случило во моментот на инцидентот, изјави Кетрин Нинд, портпаролка на аеродромот. Во инцидентот нема повредени. Во авионот имало 67 патници и шест членови на екипажот. Агс најави дека патниците ќе бидат сместени преку ноќ во Инверкаргил и дека ќе се договорат нови летови.
Ова е само последниот во серијата инциденти со авиони Боинг. Вчера се дозна за случајот на 11 април, кога Боинг 737 Макс 8 на Southwest Airlines почна забрзано да паѓа, запирајќи го падот на околу 120 метри над Тихиот Океан.