Свет
Путин: Санкциите ни отворија нови можности, инфлацијата во САД и Европа е висока
Русија може да ги зголеми потрошувачката и преработката на енергетските ресурси, вклучително и нивно пренасочување. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Ни се отвораат алтернативни можности и опции. Што се однесува до руските нафта, гас и јаглен, можеме да ја зголемиме нивната потрошувачка на внатрешниот пазар, да стимулираме длабока обработка на јаглен, а исто така да го зголемиме снабдувањето со енергетски ресурси во другите региони на светот, онаму каде што навистина се потребни“, рече Путин.
„Одбивањето на некои западни земји од нормална соработка, вклучувајќи ги и руските енергетски извори, веќе погодија милиони Европејци, предизвикаа вистинска енергетска криза и патем ги погодија и САД. Цените растат насекаде и инфлацијата е висока. За овие држави тоа е апсолутно невидено“, истакна тој.
Според него, за решавање на оваа задача се користат сите расположливи можности вклучувајќи го и развојот на транспортните коридори, вклучително и Северната железница, пренесува „Спутник“.
Тој напомена дека активната изградба на Северната железница треба да почне во 2022 година.
Соочена со притисоците од санкции Русија треба да посвети особено внимание на проектите и плановите поврзани со развојот на арктичката зона, додаде тој, и посочи дека не смее овие планови да се поместуваат и одложуваат.
Како што додаде, во обид да се запре развојот на Русија, неопходно е да се одговори со развој на проекти, пред сѐ, во социјалната сфера.
„Сите одговорни институции ангажирани на Арктикот треба компетентно и бргу да ја реорганизираат својата работа. Пред сѐ, со цел да се обезбеди непречено снабдување со храна и лекови, гориво, градежни материјали и опрема на жителите на арктичките територии, работниците во смена, компаниите и социјалните објекти во регионот“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.