Свет
Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах
Претседателите на Русија, САД и на Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах.
Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел Макрон повикаа на итен прекин на борбите во Нагорно-Карабах. Претседателите ги повикаа Азербејџан и Ерменија да ги продолжат преговорите за Нагорно-Карабах, без предуслови.
„Претседателот на Руската Федерација, претседателот на Соединетите Американски Држави и претседателот на Република Франција, кои ги претставуваат државите копретседавачи на Минската група на ОБСЕ, остро ја осудуваат ескалацијата на насилството на линијата на разграничување во зоната на Нагорно-Карабах“, се вели во соопштението кое го пренесува агенцијата „Спутник“.
„Ги повикуваме лидерите на Ерменија и Азербејџан со добра волја да ги преземат своите обврски веднаш и без поставување предуслови за продолжување на преговорите за решавање на ситуацијата, со помош на копретседавачите на Минската групата на ОБСЕ“, се вели во соопштението на лидерите на земјите кои копретседаваат со оваа група.
Претседателите на Русија, САД и на Франција исто така сметаат дека борбите во Нагорно-Карабах треба веднаш да се запрат.
„Повикуваме на итен прекин на непријателствата меѓу вооружените сили“, се вели во заедничкото соопштение.
Во изјавата се додава дека претседателите жалат за жртвите и изразуваат сочувство до семејствата на загинатите и ранетите.
Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалираше минатата недела. Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за избувнувањето на конфликтот. Во Ерменија е прогласена воена состојба и општа мобилизација. Во Азербејџан се воведени полициски час и делумна мобилизација.
Двете земји беа дел од Советскиот Сојуз пред тој да се распадне во 1991 година. Тие веќе четири децении се во конфликт околу регионот Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

