Свет
Путин: Уживав кога работев како разузнавач, за таа професија треба силен карактер

Рускиот претседател, Владимир Путин, неодамна изјави дека со радост се сеќава на времето кога бил разузнавачки службеник.
„Долго време се занимавав со тоа, но навистина уживав во работата. Тоа беше моја професија со години“, рекол Путин, а пренесува „Спутник“.
Тој во филмот „Светски поредок 2018“ исто така зборува за работата во разузнавачките служби истакнувајќи дека таа бара многу напор.
„Станува збор за уникатни луѓе, вистински индивидуалци. Според уверувањата, интелектот и волјата, тие се посебни луѓе. За мене, работата во таа служба беше неверојатно искуство“, заклучува Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Луѓе заробени под урнатините по земјотресот: „Се’ уште викаат и бараат помош“

Во Мандалеј спасувачите се обидуваат да стигнат до седум лица затрупани под урната зграда.
Еден од членовите на спасувачката екипа изјави дека во текот на ноќта успеале да извлечат 50 лица од зградата.
Поминаа повеќе од 24 часа од земјотресот што ја погоди областа во близина на вториот по големина град во Мјанмар, а штетите се сразмерни на разурнувањата.
„Сè уште се обидуваме да ги извлечеме заробените, но ни требаат големи машини. Тие сè уште врескаат, ги слушаме нивните гласови, но не знаеме каде се“, рече спасувачот.
„Ако добиеме поддршка и тешка механизација, можеме да ги отстраниме урнатините и да ги извлечеме заробените луѓе“, додаде тој.
Oбјавена е и снимка од огромен расцеп на земјиштето во Мандалеј.
MASSIVE ground rupture/crack has appeared in Myittha, Mandalay Region, following the powerful M7.7 earthquake in Myanmar 😱👀 pic.twitter.com/vFlPet0XPH
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) March 28, 2025
Според последните информации, бројот на загинати во разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтер, надмина 1.000 лица.
Свет
(Видео) Поплави во Тексас, има загинати

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 200 се спасени по силното невреме и поплавите во јужен Тексас, објавија американските медиуми.
Спасувачките напори продолжуваат откако невремето зароби многу жители во нивните домови и ги принуди возачите да ги напуштат своите автомобили на поплавените улици и патишта, јавува АП.
#WATCH : Cars submerged, hospital flooded during Texas torrential rainfall.
Severe flooding swept South Texas and cities across the border in Mexico on Thursday, as half a year’s rainfall drenched the region in less than two days. #Mexico #Texas #Rain #Flood pic.twitter.com/Ig5KWhPeRB
— upuknews (@upuknews1) March 28, 2025
Свет
(Видео) Катастрофа по земјотресот во Мјанмар, над 1.000 загинати, жена се породи на улица

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди Мјанмар се искачи на повеќе од 1.000 луѓе, додека спасувачите очајнички ги бараат преживеаните под урнатините на зградите.
Плиткиот земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди областа северозападно од градот Сагаинг во центарот на Мјанмар ,вчера, во раните попладневни часови, а неколку минути подоцна следеше афтершок со јачина од 6,7 степени.
Земјотресот уништи згради, урна мостови и уништи патишта низ поголемиот дел од земјата, а големи штети беа пријавени во вториот по големина град Мандалеј.
Најмногу смртни случаи во Мандалеј, бројките не се конечни
Владејачката хунта во саботата објави дека 1.002 лица биле потврдени мртви и 2.376 повредени, а најголем дел од смртните случаи се во Мандалеј. Во соопштението тие велат дека бројките се уште не се конечни: „Се уште се собираат податоци“.
Во соседен Тајланд, каде исто така се почувствуваа потреси, властите во Бангкок соопштија дека досега се пронајдени шест мртви, а 26 повредени, додека 47 лица се уште се водат како исчезнати. Повеќето од нив биле на градилиште на облакодер во близина на популарниот пазар Чатучак. Претходно властите објавија дека 10 лица загинале, а околу 100 се водат за исчезнати.
🧵 Massive 7.7 Earthquake rocked Myanmar today, flattening buildings and shaking Southeast Asia
The devastation is unreal… 🧵Thread 👇
⚠️ Near Mandalay—Myanmar’s second-largest city. 6.4 aftershock hit minutes later. Bangkok felt it 600 miles away—skyscrapers collapsed… pic.twitter.com/hBvnmP1hJL
— Culture War Report (@CultureWar2020) March 29, 2025
Поради големите проблеми во комуникацијата во Мјанмар, се уште не се знае вистинскиот обем на катастрофата, а се очекува бројот на жртвите значително да се зголеми.
Најсилниот земјотрес што го погодил Мјанмар во повеќе од еден век
Според американските сеизмолози, ова е најсилниот земјотрес што го погодил Мјанмар во повеќе од еден век. Земјотресот бил толку силен што оштетил згради во Бангкок, стотици километри оддалечени од епицентарот.
Спасувачите во главниот град на Тајланд ја поминаа ноќта барајќи работници заробени во урнатиот облакодер од 30 ката, кој се урнал за неколку секунди, претворајќи се во куп урнатини.
Властите во Бангкок објавија дека ќе испратат повеќе од 100 инженери на терен за да ги прегледаат оштетените згради, откако добија повеќе од 2.000 извештаи за штета.
Mandalay’s historic Shwe Boan Shein Mosque, in Myanmar destroyed. Dozen dead or missing inside. #earthquake pic.twitter.com/dBGiMeCHhx
— Anonymous (@YourAnonCentral) March 28, 2025
Иако немаше големи разурнувања, потресите предизвикаа драматични сцени.
Жена се породи на улица
Дури и болниците беа евакуирани – една жена се породи надвор откако беше преместена од зградата на болницата. Еден хирург продолжи да го оперира пациентот по евакуацијата, завршувајќи ја процедурата на отворено, изјави портпаролот за „АФП“
Најлошо беше во Мјанмар, каде четиригодишната граѓанска војна, која започна со воен удар, го уништи системот за здравство и итната помош.
Водачот на Хунтата Мин Аунг Хлаинг упати исклучително редок апел за меѓународна помош, што укажува на сериозноста на ситуацијата. Претходните воени власти одбија странска помош дури и по големи природни катастрофи.
Земјата прогласи вонредна состојба во шесте најпогодени региони. Во една од најголемите болници во главниот град, Најпида, лекарите мораа да ги лекуваат повредените на отворено.
Over 40 construction workers are reported missing, following the collapse of an under construction high-rise building in the Thai capital of Bangkok, as a result of today’s 7.7 magnitude earthquake in Myanmar. pic.twitter.com/ydkbxExorf
— OSINTdefender (@sentdefender) March 28, 2025
„Нашиот град изгледа како да се урна“
Еден функционер ја опиша ситуацијата како „област на масовни жртви“.
Мандалеј, град со повеќе од 1,7 милиони жители, претрпе сериозни штети. Фотографиите покажуваат десетици згради срамнети со земја.
Спасувач од Амарапура, антички град кој сега е област на Мандалај, рече дека извлекле тела на 30 луѓе од срушените повеќекатници.
„Никогаш не сум доживеал вакво нешто – нашиот град изгледа како да е урнат“, рече тој, проценувајќи дека околу една петтина од зградите се уништени.
Има недостиг од спасувачи
Еден жител кој телефонски разговарал со АФП рече дека болница и хотел се уништени, а градот има хронично недостиг од спасувачки персонал.
Друг сведок од Мандалеј, кој сакаше да остане анонимен, рече дека осум лица загинаа, а повеќе останаа заробени откако се урна градилиште во областа Пигијтагон.
„Целиот град Мандалај е погоден од земјотресот. Спасувачките служби и болниците се преоптоварени. Ние помагаме најдобро што можеме со она што го имаме во соседството“, рече тој.
Фотографиите покажуваат купишта тули и урнатини пред оштетената џамија во Мандалеј. Според нивните тврдења, таму загинале најмалку 20 лица, но оваа бројка не може да се потврди независно.
Трамп вети помош од САД
Долги линии автобуси и камиони чекаа на влезот во Најпидау рано во саботата.
Почнаа да пристигнуваат понуди за помош од странство. Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот вети американска помош.
„Тоа е страшно“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на прашањето дали ќе одговори на апелот на властите во Мјанмар.
„Тоа е навистина, навистина лошо, и ние ќе помогнеме. Веќе контактиравме со таа земја“.
Помош понудија и Индија, Франција и Европската унија, додека Светската здравствена организација најави дека подготвува медицински материјали за трауматски повреди. Кинескиот претседател Си Џинпинг упати сочувство, објавија државните медиуми.