Свет
„Путин oдреди кои градови ќе бидат нападнати“- Британски разузнавачи го открија тајниот план на Русија
ПУТИН ЌЕ НАПАДИ ДЕВЕТ ГРАДОВИ? Британските разузнавачи го открија ТАЈНИОТ ПЛАН НА РУСИЈА: Ако избие војна, ова ќе бидат ПРВИТЕ ЦЕЛИ
Русија додаде две нови цели на својата листа на цели во Британија за напад со стратешки бомбардери со долг дострел, предупредија синоќа разузнавачки извори.
Кремљ сега идентификуваше девет цели ширум Веика Британија за напади од неговите стратешки бомбардери. Два града во јужна Англија неодамна беа додадени на списокот.
Изворите само потврдија дека едниот град „има воени врски“, додека другиот нема, пишува британски Експрес.
Додека градовите со историски врски со вооружените сили, како што се Алдершот, Колчестер и Портсмут, веројатно ќе бидат на списокот, други опции се движат од Чатам, Кент до Тидворт и Солсбери во Вилтшир.
Ажурираниот список – најкомплетниот што некогаш го држел британското разузнавање – беше предаден од руски агент на британското разузнавање во Источна Европа.
Покрај поставувањето цели, тој открива детали од кои воени аеродроми би летале руските бомбардери и бројот на авиони доделени за операцијата.
„Информациите вклучуваат детали за напад на високо ниво, покрај напад на ниско ниво“, рече извор од Вајтхол.
Идејата, додаде изворот, веројатно била да се одвлече вниманието на тимовите за брз одговор на Кралските воздухопловни сили (РАФ) со финта, пред да следи вистински напад.
– Руски воздушен напад на територијата на Велика Британија, се разбира, би бил објава на војна, како на Велика Британија, така и на остатокот од НАТО – додаде изворот.
Во јануари, секретарот за одбрана Грант Шапс предупреди дека светот се движи „од повоен во предвоен свет“.
Генералот Сер Патрик Сандерс, шефот на британската армија во заминување, рече дека Британија се соочува со „момент од 1937 година“ и дека британските сили би можеле да бидат вовлечени во конфликт со Русија во рок од неколку години.
Советниците на НАТО веруваат дека Путин е длабоко во план да ја направи Русија доминантно присуство во поголемиот дел од Европа со сила.
Но, дури и ако Русија беше подготвена еднострано да започне и одржи воена офанзива против Велика Британија, доказите сугерираат дека ќе мора да почека додека не заврши нејзината војна со Украина.
Велика Британија има две бази за брз одговор на КРА, чија задача е да ја брани Британија од воздушни напади: едната во РАФ Конингсби на истокот на Англија и другата во РАФ Лосимут во Шкотска.
Во 2005 година, Путин ја оживеа практиката на Студената војна за испраќање руски бомбардери со долг дострел и авиони за набљудување редовно да го бараат британскиот воздушен простор, принудувајќи ја РАФ да ги активира своите „Тајфуни“.
Иако бројот на инциденти варираше од година во година, во 2007 година тоа резултираше со 19 инциденти, додека во 2020 година РАФ лансираше „тајфуни“ во единаесет наврати како одговор на руските авиони кои летаа блиску до воздушниот простор на ОК.
Меѓутоа, до 2023 година, ова се намали на само шест наврати, што укажува на тоа дека руските воздухопловни сили биле премногу зафатени со конфликтот во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Мапа) Украина мора да се повлече 15 километри на Запад, Бердичи е опколен
Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичи, јавуваат српските медиуми.
На вооружените сили на Украина во Бердичи им се заканува опкружување по неодамнешната загуба на Новобахмутовка и Соловјов, а според некои воени блогери се очекува повлекување до 15 километри на запад.
Ним им се заканува загуба и на Нетајлов, Карловка, Умански, Новокалинов, Керамик, Архангелски…
По падот на Авдијивка во февруари, Украина одржа линија на одбрана во близина на Бердичи. За време на безмилосните борби во претходните два и пол месеци на тој дел од линијата на фронтот, беа изгубени и неколку американски тенкови Абрамс, обидувајќи се да го запрат напредувањето на руските трупи.
Воениот блогер Рибар наведува дека руските војници напредуваат и кај Новокалинов.
– Напаѓачките групи ја пробија одбраната на украинските формации во центарот на селото во правец на Керамик. Моментално се консолидираат позициите во центарот на селото. Имајќи го предвид налетот од Очеретин во правец на Архангелск, не може да се исклучи дека во блиска иднина вооружените сили на Русија ќе можат целосно да го окупираат Керамик – вели Рибар.
Според него, Русите успеале да ги истуркаат противниците од Семјеновка.
– Остатоците од пешадијата на вооружените сили на Украина под оган на артилерија и беспилотни летала се повлекоа од северната периферија на селото на запад кон Новопокровски. Под контрола на вооружените сили на Русија делумно беа и шумските појаси кај Семјоновка. Борбите во моментов се водат на најзападната периферија на Бердици. Малку е веројатно дека непријателот ќе може долго да држи позиции поради неговото повлекување од Семјеновка. Следната линија на напад на Вооружените сили на Русија најверојатно ќе бидат шумските појаси на делницата Новопокровско – Новоселовка Перваја каде што сега украинските формации динамично градат одбрана – вели Рибар.
Украинскиот телеграмски канал DeepState потврди дека руските војници ги зазеле Семјоновка и Соловиев и дека се водат борби за Керамик.
Свет
Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба
Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата.
„Едниот кат е евакуиран. Во тек е проверка и контрола“, се наведува во соопштението и се додава дека евакуацијата не влијаела на функционирањето на аеродромот.
Евакуиран е седмиот кат од зградата на управата на аеродромот.
Неименуван извор изјавил за агенцијата ТАСС дека евакуацијата уследила по закана за бомба.
– Се проверуваат сите простории и канцеларии – изјавил овој извор.
Свет
Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер
Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.
Американската централна команда (CENCOM) преку соопштение на платформата „Х“ соопшти дека е оштетен танкерот со нафта „МВ Андромеда Стар“, како и дека проектил паднал во близина на друг брод „МВ Маиша“, но не го оштетил.
Хутите од ноември минатата година напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со ракети и беспилотни летала како знак на, како што велат, поддршката на палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.