Свет
Ралф Лорен ќе стане првиот американски дизајнер што ќе ја добие титулата британски витез
Кралицата Елизабета Втора му ја додели титулата почесен витез на Највисокиот ред на Британската Империја на американскиот дизајнер Ралф Лорен.
Лорен, кој во септември прослави 50 години работа во модната индустрија, ја добил титулата поради својата клучна улога во создавање трансатлантски културни и економски врски во доменот на модата и филантропијата, изјави Ентони Филипсон, кралскиот комесар за трговија за Северна Америка и британски генерален конзул во Њујорк.
Филипсон исто така го нарече Лорен предводник во глобалната модна индустрија во последните половина век. Дизајнерот не е првиот кому кралицата му доделила ваква титула. Модната дизајнерка Ана Винтур во февруари оваа година ја доби наградата на Елизабета Втора за британски дизајн.
Лорен е првиот американски дизајнер што ја добил титулата витез. Меѓу Американците на кои кралицата Елизабета им ја доделила оваа титула се и претседателите Ајзенхауер, Реган, Буш, како и актерката Анџелина Џоли, режисерот Стивен Спилберг и Бил и Мелинда Гејтс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

