Свет
„Рајанер“: Квалитетот на „Боинг“ е загрижувачки

Ирската авиокомпанија „Рајанер“ е загрижена поради дефектите во авионите на „Боинг“, што ги идентификуваа американските регулатори во извештајот по инцидентите на компанијата „Алјаска ерлајнс“ на моделите „737 макс 9“, изјави денеска извршниот директор на таа компанија, Мајкл О’Лири.
„Загрижени сме бидејќи извештајот го нагласува лошиот производствен квалитет на ‘Боинг’, но не мислиме дека тоа влијае на нашата флота на авионите ‘737’ или мaкс 8’“, рече О’Лири.
Тој истакна дека на последните 12 авиони, кои „Рајанер“ ги доби во периодот од октомври до декември, забележано е подобрување на квалитетот во споредба со претходниот период од оваа година, пренесе „Ројтерс“.
Тој рече дека не е сигурен дали зголемениот надзор на Федералната управа за воздухопловство (ФАА) во Сиетл ќе ги забави новите испораки на „Боинг“ за „Рајанер“ до крајот на јуни.
Според прелиминарниот извештај на американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот (NTSB) објавен вчера, недостигаат четири клучни завртки од затворачот на вратата што излета од авионот „мaкс 9“ на „Алјаска ерлајнс“ за време на лет на 5 јануари.
Рајанер“, најголемата европска авиокомпанија според бројот на патници и еден од главните клиенти на „Боинг“, нарача повеќе од 350 авиони „макс“ во последните години, но ниту еден од „мaкс 9“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток: Војната во Украина беше испровоцирана, тоа не мора да значи дека Русите ја испровоцираа

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф денеска изјави дека Русија не треба нужно да се обвинува за предизвикување војна во Украина, пишува „Политико“.
„Војната во Украина не требаше да се случи – таа беше испровоцирана. Тоа не мора да значи дека Русите ја испровоцираа“, рече Виткоф во емисијата „State of the Union“ на Си-ен-ен.
After Special Envoy @SteveWitkoff suggests Russia’s invasion of Ukraine was “provoked,” @JakeTapper plays a clip of Russian state TV saying Trump is echoing Putin’s rhetoric and that Trump’s attacks on Zelensky “are in total alignment with the way we see things.” pic.twitter.com/nWi5ggMxIK
— State of the Union (@CNNSOTU) February 23, 2025
Виткоф посочи дека желбата на Украина да се приклучи на НАТО ја поттикнала војната.
„Имаше секакви разговори за пристапување на Украина во НАТО… Тоа не мораше да се случи“, рече тој.
„Тоа всушност стана закана за Русите и сега треба да се справиме со тој факт, а тоа се реалните факти“.
Европа
Мерц: Америка веќе не се грижи за Европа

Претседателот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, рече дека негов главен политички приоритет е „да ја зајакне Европа што е можно побрзо за да стане независна од Соединетите држави во областа на одбраната“.
„Никогаш не мислев дека ќе треба да го кажам ова на телевизија, но по изјавите на Доналд Трамп минатата недела, јасно е: оваа американска влада не се грижи за Европа“, рече Мерц, мислејќи на коментарите на Трамп во кои тој сугерираше дека можеби ќе ја намали американската воена поддршка за европските сојузници.
Мерц ги осуди и постапките на Илон Маск, тврдејќи дека славниот милијардер се „мешал“ во германските избори, што ги споредил со пропагандни методи кои можеле да се слушнат „од Москва во минатото“.
Неговите изјави доаѓаат откако Маск минатиот месец јавно ја поддржа крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), што предизвика бројни контроверзии во германскиот политички простор.
Мерц, кој се обидува да ја позиционира ЦДУ како клучен играч во стабилизирањето на европската безбедносна политика, ја истакна потребата од зајакнување на европските одбранбени капацитети и намалување на зависноста од американската воена заштита. Овие изјави дополнително го истакнуваат се поголемиот јаз меѓу европските лидери и американската политика во ерата на политичкото влијание на Трамп.
Европа
Состојбата на папата и понатаму е критична

Здравствената состојба на папата Франциско, кој се бори со билатерална пневмонија, и понатаму е критична и „остануваме претпазливи во однос на прогнозите“ поради „сложеноста на неговата клиничка слика“, соопшти вечерва Ватикан.
Ватикан додаде дека папата нема дополнителни респираторни кризи, но дека има „лесна бубрежна инсуфициенција“. Тој сè уште прима терапија со кислород со висок проток.
„Комплексноста на клиничката слика и потребното чекање за да стапат на сила фармаколошките терапии бараат од нас да останеме внимателни во однос на прогнозата“, се наведува во најновиот здравствен билтен.
Во неделата наутро Ватикан објави дека Светиот Отец поминал „тивка“ ноќ одморајќи се.