Свет
Реакција на Трамп кога „Твитер“ спречи да се споделува новинарска стoрија за Бајден
Интернет-гигантот „Твитер“ спречил корисниците да споделуваат или лајкуваат контроверзен напис на весникот „Њујорк пост“ за кандидатот за претседател на Демократската партија, Џо Бајден, и неговиот син Хантер.
Корисниците кои се обиделе да ја споделат статијата на социјалната мрежа добиле предупредувачка порака дека нивното барање не може да се исполни затоа што „Твитер“ и партнерите го препознаваат линкот како потенцијално штетен.
Предупредување добиле и корисници на „Твитер“ кои се обиделe да кликнат на линкот што води до статијата.
Во написот се наведува дека синот на Бајден, Хантер, запознал украински бизнисмен со татка си, а тој како потпретседател ги водел американските односи со Украина, односно дека постариот Бајден ја приспособувал својата дипломатија кон Киев за да им помогне на деловните интереси на својот син.
Се чини дека одлуката на „Твитер“ да ги спречи корисниците да ја споделуваат статијата е дел од напорите на компанијата да го ограничи ширењето на дезинформации на нејзината платформа пред претседателските избори во САД во ноември. „Фејсбук“ исто така најави дека ќе ја намали дистрибуцијата на статии додека не се провери точноста на фактите.
Претседателот Трамп вчера ја критикува одлуката на „Фејсбук“ и на „Твитер“ да ја ограничат дистрибуцијата на сторијата на „Њујорк пост“.
So terrible that Facebook and Twitter took down the story of “Smoking Gun” emails related to Sleepy Joe Biden and his son, Hunter, in the @NYPost. It is only the beginning for them. There is nothing worse than a corrupt politician. REPEAL SECTION 230!!! https://t.co/g1RJFpIVUZ
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 14, 2020
„Толку е страшно што ‘Фејсбук’ и ‘Твитер’ ја отстранија сторијата на ‘Њујорк пост’ за eлектронската комуникација на заспаниот Џо Бајден и неговиот син Хантер. Тоа е само почеток за нив. Нема ништо полошо од корумпиран политичар“, напиша Трамп на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

