Свет
Резников: Британското оружје пристигна во Украина
Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, денеска изјави дека во Украина пристигнала нова пратка оружје од Велика Британија.
„Повеќе повеќекратни ракетни фрлачи ‘М270’ пристигнаа во Украина“, рече тој.
Резников се огласи на „Твитер“ за да им се заблагодари на британскиот секретар за одбрана Бен Валас и на британските граѓани за донацијата што беше ветена претходно, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нетанјаху бојкотиран од дел од дипломатите во ОН
Израелскиот премиер се соочи со тешка публика во Обединетите нации, каде многу земји ги критикуваа акциите на Израел во Газа поради тешките хуманитарни последици, пренесуваат светските медиуми.
Некои дипломати ја напуштија салата веднаш штом дојде израелскиот премиер, пренесе АФП.
Netanyahu holds up 2 maps showing what he says are the two futures that are possible
Its telling that on both maps the West Bank (and presumably Gaza) has ceased to exist. pic.twitter.com/99BWm87N8m
— Saul Staniforth (@SaulStaniforth) September 27, 2024
Во текот на оваа недела, голем број светски лидери собрани на годишниот состанок на Генералното собрание на ОН ги искористија своите говори за да го осудат Израел, а некои исто така го обвинуваат Хамас. Имаше повици да се запре ескалацијата на борбите во Либан.
Десетици дипломати ја напуштија просторијата додека Нетанјаху го започна својот говор, оставајќи го целиот кат на Генералното собрание релативно празен. Но, тој донесе поддржувачи – семејства на заложници кои навиваа и аплаудираа за време на неговиот говор, пишуваат медиумите.
As Israeli PM Benjamin Netanyahu came to address the 79th session of the UN General Assembly, many delegations walked out in protest. pic.twitter.com/xZ2R99ND7P
— Al Jazeera English (@AJEnglish) September 27, 2024
Нивната гласна поддршка дури го натера претседателот на Генералното собрание на ОН, да удри со чеканот за да ја смири атмосферата.
„Ред, ве молам! Дами и господа, ред!“, рече таа.
Нетанјаху според написите им пркосеше на критиките за Израел на Генералното собрание оваа недела, споредувајќи ги сцените од 7 октомври со холокаустот.
„Ја гледаме оваа морална конфузија дека Израел е лажно обвинет за геноцид. Ќе се бориме додека не постигнеме победа, целосна победа. За тоа нема алтернатива“, рече тој.
Нетанјаху, исто така, ја упати својата критика кон ОН, опишувајќи ја таа институција како „антисемитска одвратна фарса“.
На една од мапите што Нетанјаху ги покажа за време на неговото обраќање, целата палестинска територија на Источен Ерусалим (Ал Кудс), Западниот Брег и Појасот Газа беше прикажана како „Израел“, јавува „Anadolu“.
Источен Ерусалим, Западниот Брег и Појасот Газа се палестински територии според меѓународното право, пренесува медиумот.
Свет
Трамп по средбата со Зеленски: Ако победам, ќе го решам конфликтот пред инаугурацијата
Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Њујорк и рече дека доколку победи на претседателските избори, ќе се обиде да најде „добро“ решение за украинскиот конфликт за двете страни дури и пред инаугурацијата на 20 јануари.
„Мислам дека, ако победиме, пред 20 јануари, кога и официјално ќе станам претседател, ќе најдам добро решение за двете страни. Дојде време“, рече Трамп на самиот почеток на состанокот, кој беше отворен за медиумите.
Тој рече и дека во случај да победи на изборите е подготвен да соработува со демократите за да се реши украинската криза, пишуваат медиумите во регионот.
Инаку, Трамп се согласи да се сретне со Зеленски откако украинскиот претседател му испрати писмо во кое изрази желба за средба.
Според медиумите Трамп претходно го критикуваше Зеленски за време на неговите говори на неговите митинзи, нарекувајќи го „трговец“, бидејќи секоја посета на украинскиот претседател на Америка завршуваше со повеќемилионската помош на Вашингтон за Киев, пренесува Танјуг.
Свет
Сијарто: Будимпешта сака да ги зајакне економските врски со Москва и покрај санкциите на ЕУ
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Будимпешта сака да ги зајакне економските врски со Москва и покрај тековните санкции на Европската унија против Русија, пренесува магазинот „Политико“.
„Покрај фактот што не ни се допаѓа режимот на санкции, иако постојат европски правила што треба да ги следиме, ние сме многу отворени во нашата желба да ги подобриме економските односи меѓу Русија и Унгарија во сите области кои не се засегнати од санкциите“, изјави Сијарто за рускиот државен весник за агенцијата ТАСС на маргините на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Сијарто потоа се осврна на состанокот на Унгарско-рускиот комитет за економска соработка одржан минатата недела во Будимпешта, на кој присуствуваше и рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.
„Одржавме и бизнис форум на кој учествуваа 173 претприемачи од двете страни. За мене ова покажува дека не постои само политичка желба за подобрување на економските односи, туку и бизнис“, рече тој.
Министерството за надворешни работи на Унгарија не одговори на барањето за коментар.
Гласно спротивставување на Унгарија на санкциите на ЕУ против Русија и нејзиниот интерес за зајакнување на економските врски со Москва ја зголемија загриженоста во ЕУ, што доведе до тензии меѓу Брисел и Будимпешта, пренесува медиумот.
Според написите, министрите за надворешни работи и министрите за финансии на ЕУ неодамна ги бојкотираа состаноците на ЕУ одржани во Будимпешта во септември, испраќајќи порака за растечка фрустрација од односот на Унгарија кон Русија.