Свет
Рекорден број на новинари во затвор во 2020 година
Годишниот извештај на Комисијата за заштита на новинарите утврди дека 274 новинари биле затворени во 2020 година низ светот, што е најголем број од почетокот на 90-тите години на минатиот век.
Извештајот открива и дека годинава биле убиени 26 новинари и медиумски работници, а Мексико е наведена како најопасна земја во светот за печатот.
„Шокантно е и застрашувачко“, рече извршниот директор на Комисијата, Џоел Сајмон.
„Овој репресивен бран е форма на цензура што го нарушува протокот на информации и ја разгорува инфодемијата“, додаде тој.
Се забележува дека во САД дури 110 новинари биле уапсени или приведени во текот на годината.
Истражувачите наведуваат дека администрацијата на Доналд Трамп во заминување е делумно виновна за влошената слобода на печатот ширум светот – не само поради недостиг на глобално раководство на американскиот претседател во областа на човековите права, туку и поради охрабрувањето на авторитарните лидери во странство со неговото непријателство кон медиумите.
„Администрацијата на Бајден треба да работи како дел од глобалната коалиција за да се намали бројот“, рече извршниот директор на Комисијата.
Според оваа комисија, голем број затворени новинари имало годинава во Кина втора година по ред, со 47 репортери зад решетки. Само минатата недела, властите притворија вработен во Блумберг под сомнение дека ја загрозува националната безбедност.
Во Турција, Египет и Саудиска Арабија, Белорусија и Етиопија, забележано е нагло зголемување на бројот на новинари кои завршиле зад решетки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

