Свет
Речиси половина Американци во семејството имаат некој што бил во затвор
Речиси половина Американци имаат близок член на семејството со затворска кариера, покажува новиот извештај кој го оценува размерот на притвори во САД.
Студијата на Универзитетот „Корнел“ и лоби-групата FWD утврдила дека 113 милиони луѓе (45 отсто од возрасните Американци) имаат близок член на семејството кој минал најмалку еден ден во притвор или затвор.
Истражувањето било спроведено преку телефонска и онлајн-анкета на национално репрезентативен примерок од 4.000 возрасни лица во текот на летото 2018 година.
Секој седми возрасен Американец има близок член на семејството кој бил во затвор барем една година, а секој 34. има член во семејството што бил десет или повеќе години во затвор.
Околу 6,5 милиони луѓе или секој 38. има близок член на семејството кој во моментот е во притвор или во затвор.
Во извештајот се забележува дека притворот, дури и краткорочен, предизвикува разни директни и индиректни штети и може да биде фатален за животот на луѓето поради ограничувањата за вработување и наоѓање сместување по излегувањето. Губењето на ваквите основни човекови права подоцна ја ограничува можноста за напредок на долг рок по излегувањето од затвор, се наведува во студијата.
Според истражувањето, црнците имаат 50 отсто поголеми шанси од белците да затворат близок член на семејството и трипати поголеми изгледи член на семејството да минал една или повеќе години во затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

