Свет
Речиси 200 исчезнати и 75 загинати поради вулканот во Гватемала

Најмалку 192 лица се исчезнати и 75 се загинати како резултат на ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала, потврдија властите. Селата на падините биле затрупани со вулканската пепел и кал.
Спасувачката акција вчера беше прекината поради нова ерупција, која испрати жежок гас и растопени карпи, кои протекле по јужната страна на вулканот, пренесуваат светските медиуми.
Повеќе од 1,7 милион луѓе се загрозени од вулканската ерупција, а над 3.000 се евакуирани. Вчерашната ерупција изненади многумина. Вулканската пепел, која била исфлрена од ерупцијата, достигнала до 10 километри во височина.
Националниот институт за сеизмологија на Гватемала предвидува дека во наредните неколку дена нема да има нови ерупции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Францускиот министер за трговија: Заканите на Трамп им штетат на преговорите

Францускиот министер за трговија Лоран Сен Мартин изјави дека новите закани на Трамп за царини не придонесуваат за преговорите.
Les nouvelles menaces de hausses de droits de douane de D. Trump n’aident en rien pendant la période de négociation entre l’Union européenne et les Etats-Unis.
Nous gardons la même ligne : la désescalade mais sommes prêts à répondre.
Je serai à 19h sur @BFMTV pour en parler.
— Laurent Saint-Martin (@LaurentSMartin) May 23, 2025
На платформата Икс, тој напиша: „Новите закани на Трамп за зголемување на царините не помагаат во преговарачкиот период меѓу Европската Унија и САД. Нашата позиција останува иста: ние сме за деескалација, но сме подготвени да одговориме“.
Свет
Економисти: Трамп не е ни блиску до завршување на трговската војна

Доналд Трамп не е ни блиску до склучување повеќе трговски договори, но економските услови ќе ја ограничат неговата способност да води долгорочна трговска војна, проценуваат економистите.
Карстен Брзески и Инга Фехнер од ING истакнуваат: „Релативно мирната недела завршува со голем шок и потсетник за пазарите дека не сме ни блиску до голем број „прекрасни трговски договори“ или враќање во нормала. Нестабилноста се врати. И да бидеме јасни – ако навистина се воведат царини од 50 проценти за европските производи, тие би можеле да го намалат растот на БДП во еврозоната за околу 0,6 процентни поени и да ја доведат економијата на работ на рецесија… а воедно да ги зајакнат и стагфлаторните притисоци во САД“.
„Во овој момент, нема смисла да се шпекулира за тоа како ќе се развиваат трговските тензии. Сè е можно – од договор до понатамошна ескалација. Ние сме на ставот дека економското влијание од ескалацијата на трговската војна врз американската економија на крајот ќе биде толку сериозно што одржувањето на високи тарифи едноставно нема да биде одржливо на долг рок.“
Свет
ЕУ подготвува контранапад од 21 милијарда евра – царини до 50 проценти за одредени американски производи

Земјите-членки на ЕУ одобрија пакет контрамерки во вредност од 21 милијарда евра, што вклучува царини до 50 проценти за одредени американски производи. На листата се наоѓале пченица, мотоцикли и облека, пишува „Телеграф“.
Се подготвува проширен пакет мерки во вредност од 95 милијарди евра, за кој Европската комисија и земјите-членки сè уште дебатираат. Построгите мерки вклучуваат царински давачки за авионите на Боинг, автомобилите и бурбон вискито.
Во слични случаи, Брисел досега се фокусираше на производи што имаат симболична тежина во САД и што би можеле да предизвикаат емоционална реакција кај Американците чии работни места зависат од нивното производство.