Свет
Речиси 7.000 смртни случаи од коронавирус во Колумбија

Во Колумбија се регистрирани речиси 7.000 смртни случаи од коронавирус, а повеќе од 200.000 се заразени, соопшти Министерството за здравство. Карантински мерки сè уште се во сила во Колумбија со цел да се спречи ширењето на инфекцијата.
Иако има повеќе од 200.000 случаи, земјата е далеку зад другите земји од Латинска Америка, како што се Бразил, Перу, Мексико и Чиле, кои се меѓу десетте држави со најголем број случаи на Ковид-19. Властите предвидуваат дека врвот на епидемијата ќе биде достигнат во август, а болниците во неколку градови, вклучително и оние во главниот град, се блиску до исполнување на нивниот капацитет.
Строгите мерки за карантин беа објавени на крајот на март и ќе траат до 1 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Поплави во БиХ: во некои делови прогласена вонредна состојба

Во Босна и Херцеговина најтешка е состојбата на подрачјето на Сански Мост, каде што е прогласена состојба на елементарна непогода.
Поради дождот, кој со денови непрекинато врне, под вода се многу улици во Бања Лука, а поплавени се и тротоарите.
Во градот се поплавени и многубројни гаражи, а особено критична е состојбата во населбата Лазарево, каде што водата ги зафати куќите, а во некои населби има отсечени домаќинства.
Поради покачување на водостојот на реката Врбас, затворен е сообраќајот над Трнски мост во месноста Лакташ.
Поради наглото покачување на водостојот на Сава и нејзините притоки, која се излеа во неколку населени места, во Градишка е прогласена вонредна состојба.
Во некои училишта во областа Градишка денеска е откажана наставата.
Поради надојување на реките Велика и Мала Усора, граѓаните во Теслиќ мака мачат со поројните дождови, а наставата во училиштата е прекината.
Во Босанска Крупа се излеаја реката Крушница и неколку потоци, а поплавени се земјоделски површини и помошни објекти.
Свет
Лани забележано зголемување на просечните трошоци за работна сила од час во ЕУ

Просечните трошоци за работна сила од час во Европската Унија се зголемија на 33,5 евра во 2024 година.
Просечните трошоци за работна сила од час во Европската Унија лани биле проценети на 33,5 евра, што претставува зголемување во однос на 2023 година кога изнесувале 31,9 евра, објави денеска „Евростат“.
Најниски трошоци за работна сила од час се забележани во Бугарија – 10,6 евра, Романија 12,5 евра и Унгарија 14,1 евра, а највисоки во Луксембург – 55,2 евра, Данска 50,1 евра и Белгија 48,2 евра.
Гледајќи ги секторите, просечните часовни трошоци за работна сила во индустријата на Европската Унија биле 33,9 евра, во градежништвото 30 евра, во услужниот сектор 33,3 евра, во неделовното стопанство (освен јавната администрација) 34,2 евра, пренесува „Танјуг“.
Двете главни компоненти на трошоците за работна сила се платите и дневниците, како и трошоците што не се поврзани со плата, како што се социјалните придонеси на работодавецот.
Учеството на трошоците што не се поврзани со платите во вкупните трошоци за работна сила во ЕУ е 24,7 отсто.
Најмал удел од овие трошоци е забележан во Романија – 4,8 отсто, Литванија 5,4 отсто, Малта 5,8 отсто, а најголем во Франција – 32,2 отсто и Шведска 31,6 отсто, се додава на веб-страницата на „Евростат“, пренесува „Танјуг“.
Свет
Рубио: Поништивме повеќе од 300 визи за странски студенти, ги бараме тие лудаци секој ден

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека Стејт департментот укина повеќе од 300 визи и предупреди дека администрацијата на Доналд Трамп секојдневно ги бара оние луди луѓе откога американските власти оваа недела приведоа и му ја укинаа визата на турски студент на Универзитетот „Тафтс“.
Рубио ова го изјави како одговор на прашање за Румејса Озтурк, турската студентка што беше уапсена во вторникот вечерта во Сомервил, недалеку од Бостон. Нејзиното апсење е последното во серијата потези на администрацијата на претседателот Трамп против странските студенти кои изразија поддршка за Палестинците во израелската војна во Газа, пренесува „Ал џезира“.
„Можеби повеќе од 300 во овој момент. Ова го правиме секој ден. Секојпат кога ќе најдам некој од тие лудаци, му ја одземам визата“, рече Рубио на прес-конференција во Гвајана, без да прецизира чии визи се укинати, пренесуваат светските агенции.
Зборувајќи со новинарите во авионот назад за Вашингтон, Рубио рече дека тоа е комбинација од студентски и визи за посетители. Тој додаде дека лично ја потпишал секоја од тие одлуки.
„Се надевам дека во одреден момент ќе ги снема затоа што се ослободивме од сите, но секојдневно ги бараме овие лудаци што прават хаос“, рече тој.
Рубио рече дека Вашингтон може ја укине секоја претходно издадена виза доколку студентите се вклучат во акции како што се „уништување на имотот на универзитетот, малтретирање студенти, окупирање згради, создавање неред“.
„Луѓето што ги тераме од нашата земја вандализираат, тие не се демонстранти. Тие ги окупираат универзитетските кампуси. Тие ги малтретираат колегите студенти. Тие не протестираат, тие ја преминуваат границата во знак на протест“, рече Рубио.
„Кој ќе најдам, ќе го исфрлиме“, рече тој, според написите.