Свет
Речиси 90 мигранти спасени кај Канарските Острови

86 мигранти од африканските земји јужно од Сахара се спасени вчера од чамец во близина на Канарските Острови, соопштија шпанските спасувачи. Авионот испратен од спасувачите првично процени дека на чамецот имало околу двесте луѓе и дека, најверојатно, се работи за пловило што се барало во областа бидејќи испловил од Сенегал пред речиси две недели.
„Сè уште не можеме да бидеме целосно сигурни, но можеби станува збор за истиот брод“, објави Салваменто Маритимо од шпанската поморска спасувачка служба, која на крајот призна дека направила грешка во својата процена.
Меѓу мигрантите има 80 мажи и шест жени. Спасувачкиот брод на море ги донесе на островот Гран Канарија, каде што ги презедоа работници на Црвениот крст и им беше укажана медицинска помош, објави фотограф на АФП. Невладината организација „Каминандо Фронтерас“ објави дека брод со речиси 200 мигранти испловил на 27 јуни од Кафунтин, на југот на Сенегал, на околу 1.700 километри од Канарските Острови.
„Семејствата нè известија за исчезнувањето на чамецот за што веќе неколку дена немаат вести, а ние ги известивме шпанските и мароканските спасувачки служби“, изјави основачот на невладината, Хелена Малено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.